Македонија

ЦУК апелира до граѓаните кои имаат претрпено материјални штети да пријават на 112

ЦУК апелира до граѓаните кои имаат претрпено материјални штети или забележале дополнителни ризици веднаш да се јават на бројот за итни повици 112.

По силното невреме проследено со интензивни ветрови, во повеќе делови од Скопје се предизвикани материјални штети. Надлежните служби внимателно ја следат состојбата, а Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите релевантни теренски служби.

ЦУК апелира до граѓаните кои имаат претрпено материјални штети или забележале дополнителни ризици веднаш да се јават на бројот за итни повици 112.

Според информациите поради искрење на жиците за електрична енергија, гори кај селото Крушопек на планината Водно. Пожар е забележан и во близина на спорската сала „Борис Трајковски“, во скопското село Волково, а во Ѓорче Петров и Топанско Поле силниот ветер откорна покрив на зграда.

Скопјани информираат и за неколку паднати дрва кои го блокираат сообраќајот во градот.

Директорот на ЦУК, Мухамед Алу, заедно со дежурните служби, ги координира активностите и ги информира институциите со цел навремено постапување. Според досегашните информации, нема повредени лица.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top