Македонија

Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете

По повод започнувањето на новата учебна година, премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. Во своето обраќање, тој истакна неколку клучни пораки за значењето на образованието и иднината на младите.

facebook.com/MickoskiHristijan

По повод започнувањето на новата учебна година, премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. Во своето обраќање, тој истакна неколку клучни пораки за значењето на образованието и иднината на младите.

За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денес да застанам пред вас. Ќе се трудам да бидам краток имајќи предвид дека трпението претпоставувам и жестината се на највисоко ниво и трпението на најниско ниво, ќе упатам само три пораки коишто ценам дека за мене се важни, но и за сите нас генерално како генерација се важни. Можеби за првпат после седум години, учениците во првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, нешто коешто е многу значајно, нешто коешто во минатото за жал изостануваше. Ја користам оваа прилика да им се извинам на родителите што пред повеќе од 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете, но ви ветувам дека преку нова дисциплина, а тоа е вештачката интелигенција со којашто ќе се запознаат нашите дечиња ќе можеме да зборуваме за иднината и за предизвиците коишто ни ги носи иднината“, кажа Мицкоски.

Премиерот нагласи дека, по подолг период, учениците ширум земјата ќе имаат пристап до учебници по странски јазици, што ќе им овозможи да градат врски надвор од границите на Македонија.

Можам исто така со задоволство да кажам дека за првпат после 7-8 години учениците во училиштата низ Македонија ќе имаат можност пред себе да ги имаат учебниците во странски јазици, англиски, германски и француски нешто коешто е многу важно за да создаваат пријателства надвор од границите на нашата татковина, Македонија“, додаде тој.

Мицкоски изрази благодарност до министерката за нејзиниот труд во изминатите 15 месеци, што овозможи овие подобрувања во образованието, како и до градоначалникот на Кисела Вода за неговите напори и амбиции за развој на општината и Скопје.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам и на министерката за сето тоа што го направи изминативе 15 месеци за да можеме денес да зборуваме за ова што го зборуваме бидејќи знам колку часови состаноци сме имале поминати во организација за да можеме денес да го постигнеме ова и знам уште колку многу часови состаноци, организација ни се потребни за да го достигнеме нивото коешто стремиме и нивото коешто е потребно за нашите најмлади. Му благодарам и на градоначалникот којшто знам што сè прави за да Кисела Вода го добие овој лик којшто го има денес и знам колку е тој сè уште амбициозен и сè уште има големи планови, не само за Кисела Вода и за Скопје и убеден сум дека во годините коишто следат тој заедно со својот тим ќе ги реализираат“, истакна премиерот.

На крајот, тој се обрати до учениците и наставниците, потенцирајќи ја важноста на учењето за семејството и татковината, вредности што ќе ги следат низ целиот живот.

На најмладите и наставниците сакам да им порачам две работи. Ова се години кога учите за две многу значајни вредности, а тоа се семејството и татковината, нашата Македонија. Наставниците сум убеден дека вредностите коишто, најмладите првоодделенчињата ќе треба да ги дознаат за своето семејство за мама, за тато, за даде и за бато, но исто така и за она што се вика татковина, нашата преубава Македонија ќе го пренесат во вистински начин, во вистински дух, а тоа што првоодделенците ќе го научат сега ќе го практикуваат целиот свој живот“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Корумпираните од ДУИ не донесуваа закон за правична застапеност уште од 2003, оти си ги вработуваа внуците и партиските милитанти!

„Тие го сменија кривичниот законик, за да се спасат себеси и своите, оти се сите корумпирани, а ние ги менуваме законите, за да гарантираме правична застапеност на сите.“ – ја обвинува коалицијата Вреди партијата на Али Ахмети.

Син на еден од најбогатите Македонци со боксови нападнал татко и брат на екс сопругата на која не успеа да го го земе детето

Откако Врховниот суд ја утврди незаконската шема на повеќе судии и социјални работници и детето го врати кај мајката по што постапката ќе почне од почеток

ВМРО ДПМНЕ: Агенциите за разузнавање и за безбедност пет години го прислушувале Мицкоски, за да се одржат на власт СДС, Заев и Филипче!

Владејачката партија бара јавното обвинителство да отвори сеопфатна истрага околу овој прислушувачки скандал од невидени размери и да бидат изведени пред правдата сите, кои ги злоупотребувале агенциите за безбедност и разузнавање.

Нова меѓународна афирмација на поетската реч на македонски јазик: наградата „Поезија и луѓе“ за Никола Маџиров во Кина

„Никола Маџиров зрачи со светлечки хуманизам на една нова генерација поети. Неговото пишување продира во заборавените одаи на животот и ја штити светлината меѓу луѓето, таму каде што, длабоко во пепелта, останува незгаснатата искра на поезијата..“ – дел од образложението кон наградата, доделена на веќе нашироко познатиот македонски поет, кој ги шири својата поезија и мајчинiot македонски јазик низ светските меридијани, уривајќи ги и обесмислувајќи ги сите обиди за негација на македонската култура, на македонскиот јазик и идентитет.

To top