Бизнис

Стопанска банка Скопје ги намалува провизиите

Од 10 септември, Стопанска банка Скопје воведува бесплатни кредитни трансфери во интерниот платен промет за компаниите што користат дигитални канали.

wikipedia.org/wiki/Стопанска_банка_АД_Скопје

Од 10 септември, Стопанска банка Скопје воведува бесплатни кредитни трансфери во интерниот платен промет за компаниите што користат дигитални канали. Ова е дел од процесот на намалување на надоместоците за платежни услуги, започнат во август, со нови поволности за клиентите.

Од истиот датум, за правните лица без надомест се и услугите за издавање дупла картичка за потписник или доносител, препис на платен налог и извештаи од блокирани платежни сметки. За граѓаните, преписот на патен налог исто така станува бесплатен, а потврдата за поседување промет и состојби на сметка ќе чини 100 денари, наместо досегашните 350 денари.

Банката соопшти дека од 5 септември ја намалила тарифата за СЕПА кредитни трансфери, со цел дополнителни заштеди за физичките и правните лица и олеснување на меѓународното работење под поповолни услови.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top