
Катастрофалните последни девет минути, во кои прими седум, а не даде ниту еден гол, го чинеа Еурофарм Пелистер пораз од 33:27 од Пари Сен Жермен на гостувањето во Париз во второто коло од групната фаза во ракометната Лига на шампионите.
Македонскиот првак во 51. минута поведе со 27:26 со голот на Домен Тајник, но тука застана, поништувајќи го и своето максимално водство од 23:20, како и враќањето со пет погодока во низа без одговор за 16:16 на крајот од првото полувреме.
Како и во победата над Загрев во Битола на стартот, Дејан Манасков беше најефикасен кај пелистерци со 5 гола од 6 обиди, пред капитенот Филип Кузмановски со 4/10, но гостите немаа одбрана за Елоим Пранди (11/16) и за Камил Шипжак (8/10).
Во следниот круг на 24 септември од 20:45 часот пелистерци ќе го пречекаат ГОГ Гудме.