Свет

Трамп: Не се согласувам Лондон да ја признае Палестина

Медиуми објавија дека Велика Британија ќе признае палестинска држава овој викенд

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не се согласува со британскиот премиер Кир Стармер за признавањето на палестинска држава.

Запрашан на прес-конференција за признавањето на палестинска држава, Трамп рече дека „не се согласува со премиерот за тоа“, додавајќи дека тоа е „всушност едно од нашите ретки несогласувања“.

Стармер рече дека тој и Трамп се согласуваат за крајната цел, а тоа е мир во регионот. „Апсолутно се согласуваме за потребата од мир и водство бидејќи ситуацијата во Газа е неподнослива“, рече тој.

Британскиот премиер беше прашан од новинарите дали чека Трамп да ја напушти земјата пред формално да признае палестинска држава овој викенд.

„Јасно го искажав мојот став на крајот на јули за времето на признавањето, што нема никаква врска со оваа државна посета“, одговори тој.

„Разговарав со американскиот претседател за тоа, како што би очекувале помеѓу двајца лидери кои се почитуваат и сакаат едни со други и сакаат да постигнат подобро решение на најдобар можен начин“, додаде тој.

Вчера „Тајмс“ објави дека Велика Британија формално ќе признае палестинска држава овој викенд.

Стармер во јули предупреди дека Велика Британија би можела да ја признае Палестина ако Израел не преземе чекори за ублажување на страдањата во Газа и не постигне прекин на огнот во речиси двегодишната војна со Хамас.

„Тајмс“ објави, без да наведува извори, дека Велика Британија ќе издаде соопштение откако американскиот претседател ќе ја заврши својата посета на Велика Британија.

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

To top