Бизнис

Само 2,8% од компаниите немаат пристап до интернет

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 92,9 % од фирмите со 10 или повеќе вработени. За разлика од нив 98,3% големите компании со повеќе од 250 вработени имале пристап до широкопојасен интернет.

Годинава 97,2% од деловните субјекти имале пристап на интернет, а дури 99,2% од нив користеле компјутер во својата работа, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска. Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 92,9 % од фирмите со 10 или повеќе вработени. За разлика од нив 98,3% големите компании со повеќе од 250 вработени имале пристап до широкопојасен интернет. Фирмите во најголем процент користат интернет со брзина на симнување од 30 мегабајти, а многу помалку со брзина од 100 мегабајти во секунда.

Во однос на онлајн продажбата на производите и услуги податоците покажуваат дека 16,4% од малите фирмите примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 15% од нив примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба. Соодносот кај големите компании е 36,6%, односно 32,4%.

11,3% од продажбата на фирмите со 10 и повеќе вработени се реализирала кон крајни потрошувачи, додека меѓу две фирми или фирма и државен орган се реализираат 8% од продажбите. Кај големите компании тој сооднос е 17,6% од продажбата е реализирана кон купувачите, а 13,1% со фирми или со државни органи.

Веб продажбата во однос на вкупната продажба учествува со 4% кај малите фирми и со 4,2% кај големите компании. Во 2025 година, деловните субјекти со пристап на интернет имале најголемо учество во секторот Останати дејности со 99,7% и во секторот ИКТ со 99,1%.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top