Македонија

Сиљановска-Давкова: Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети Општина Ресен во работна посета. Во срцето на Преспа, таа се сретна со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и непосредно со граѓаните.

facebook.com/siljanovskadavkova

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети Општина Ресен во работна посета. Во срцето на Преспа, таа се сретна со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и непосредно со граѓаните.

Локалните жители ја запознаа со горливите предизвици: масовната миграција и одливот на младите од Преспанскиот регион. Посебно беше истакнат проектот „ЕУ за Преспа“, кој носи значителни средства за развој на Ресен – една од општините што најмногу профитира од европските фондови.

Во отворениот разговор со граѓаните, Сиљановска-Давкова внимателно ги сослуша забелешките и предлозите за економијата, инфраструктурата и социјалните прашања, нагласувајќи дека вистинскиот дијалог со луѓето е темел на одговорното владеење.

Посетата продолжува со обиколка на културни институции и производствениот погон на „Свисслион Агроплод“ – Ресен, со што се потенцира улогата на традицијата и економската активност како мотор на локалниот напредок.

Попладне е резервирано за дебата со невладини организации, локални и национални институции, со фокус на еколошките закани и зачувувањето на Преспанското Езеро како непроценливо природно богатство.

По средбите, претседателката даде интегрална изјава: „Се разбира дека Ресен од многу причини, многу почесто треба, не само претседателите, туку и сите да го посетуваат. Не само заради убавината, не само заради историјата, не само заради соживотот, не само заради езерото, не само заради ретките птици, не само заради сарајот, не само заради Татарчев, не само заради Наде Проева. Мило ми е што сум овде, се разбира, зошто си ја почнав мојата таканаречена турнеја од Ресен? Неслучајно бидејќи основната причина беше грижата за Преспанското Езеро. Се разбира, јас добив темелни податоци, меѓу кои и оној дека не е основната причина во енормното и неконтролираното користење на водата, туку во понирањето, односно во природата и дека во историјата сме имале и друг пат вакви ситуации. Но, од разговорот со градоначалникот, разбрав дека – да, овој град има иднина, само што има потреба од поголема поддршка. Проектот ЕУ за Преспа, навистина е не само инспиративен, туку и темелен проект, како да се активира или да се реактивира туризмот, земјоделието, економијата, справувањето со депониите и навистина некои од решенијава, мислам дека се за прв пат применети и во иднина може да бидат модел. Што друго треба да се направи? – Да, треба во поглед на културниот развој, па и во поглед на економскиот развој, па и околу да речеме медицинскиот туризам, како што велат тие, стратешки да се пристапи. Охрид е тука, Ресен е овде, езерата се тука, ние мораме навистина да изградиме стратегија со која младите ќе останат овде. За среќа, вештачката интелигенција и дигитализацијата, овозможуваат овде да живеете, а да работите на друго место, но за тоа треба еден исчекор.“

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Хиерархиски да одговараат и оние, што овозможија 500 лица да земаат плата без да одат на работа!

За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријави, ако има индиции за злоупотреби во Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во Македонската радиотелевизија изјави дека веќе имале средба со претставници на финансиската полиција, додавајќи оти не може да даде повеќе информации во интерес на истрагата.

Расте бројот на туристи во Македонија – од каде идат најмногу странски гости?!

Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8% во однос на истиот период минатата година. Домашните туристи бележат намалување од 1,4%, додека кај странските има раст од 9,6%.

Лимани не се повлекува: Останувам в.д. градоначалник на Гостивар до изборот на нов на редовни избори!

Валбон Лимани, кандидат за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција на локалните избори, кои во општина Гостивар беа неуспешни, сега се впушта во недозволиви провокации кон Владата на Република Македонија: не само што не се повлекува од позицијата вршител на должноста на градоначалник на Гостивар, на која бил поставен само привремено и на која повеќе нема никаква основа да остане, туку веќе и се заканува дека ќе ги „искористел сите законски средства“, ако „Владата се обидела да го прекрши законот“, именувајќи друг в.д. градоначалник на Гостивар?!

Безбедноста и здравјето при работа – инвестиција во луѓето и економијата: Започна проектот „Кон безбедна и здрава работна средина“

Намалување на бројот на повреди и заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа

To top