Спорт

Реконструкцијата на спортската сала „Расадник“ во завршна фаза

Целосната обнова на култниот спортски објект чини 120 милиони денари и треба да заврши до крајот на годинава

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски извршија увид во градежните активности за комплетната реконструкција на спортската сала „Расадник“, која почна кон крајот на 2024 година.

„Гледаме како се менува приказната – од објект кој со години пропаѓаше и претставуваше срамен пример за негрижа, ‘Расадник’ повторно ќе стане место кадешто ќе се собираат граѓаните, ќе се слави спортот и ќе се раѓаат нови спортски имиња, како што беше случај и во минатото. Оваа сала некогаш беше дом на спортскиот клуб Вардар и искрено се надевам дека повторно ќе го добие тој статус, затоа што ‘Расадник’ не е само објект, туку и емоција, традиција и симбол за многу генерации од Кисела Вода“, изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

Реконструкцијата на култната спортска сала чини 120 милиони денари и треба да заврши до крајот на годинава, а партерното уредување ќе биде завршено во текот на следната година.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top