Бизнис

На 15 декември не се затвора трезорот, ќе има К-15 за сите во државните институции, тврди премиерот

Премиерот ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Буџетот е празен и дека трезорот се затвора на 15 декември, нагласувајќи дека државната каса е ликвидна и сите тековни обврски се извршуваат. Мицкоски објасни дека 15 декември е поставен како рок за институциите да ги достават сите тековни расходи, а не како датум за затворање на трезорот. Целта е, вели тој, исплатите да се завршат навреме и да не останат незавршени обврски кои би се книжеле во следната година.

Буџетот е ликвиден, пари има за сите обврски и за исплата на К-15. Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли како „неточни и небулозни“ тврдењата дека државниот трезор ќе биде затворен на 15 декември поради недостаток на средства. Мицкоски појасни дека станува збор за исклучиво организациска мерка со која институциите се повикуваат навреме да ја доставуваат потребната документација, со цел да се прекине досегашната пракса на завршување на обврските во последен момент.

  • „На 15 декември не се затвора трезорот… Ова не значи дека на 20 декември ќе има клуч на врата и толку. Ќе работиме со план и со свесност дека обврските мора да се завршуваат на време. Суштината е да стекнеме навика за ред“, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека рокот не е краен, но дека мора да се напушти функционирањето „во 5 до 12“, што во минатото доведувало до незавршени обврски. Мицкоски исто така потврди дека ќе има исплата на К-15 за вработените во државните институции, со што дополнително ги демантираше шпекулациите за наводни финансиски проблеми.

Во однос на обвинувањата од СДСМ, тој оцени дека тезите се неосновани и небулозни, додавајќи дека целта на Владата е воспоставување финансиска дисциплина, а не создавање паника кај граѓаните.

Најнови вести од: Бизнис

ДЗР се изгради како независен и кредибилен столб за контрола и одговорно управување со јавните пари, рече министерката за финансии

Министерството за финансии е цврсто убедено дека подобрувањето на улогата и капацитетите на државната ревизија е клучно за остварување на поставените реформски цели во финансискиот сектор за подобро и поодговорно управување со јавните средства и за јакнење на довербата на граѓаните за ефикасноста и транспарентноста на системот.

Евростат: Во Македонија има најевтина храна од цела Европа, ама и најниски плати

Освен Македонија и Романија, Турција (75,7 евра), Босна и Херцеговина (82,5 евра), Црна Гора (82,6 евра) и Бугарија (87,1 евра) се далеку под просекот на ЕУ. Србија (95,7 евра) и Албанија (98,7 евра) се исто така поевтини од ЕУ. Меѓу „Големата четворка“ на ЕУ, цените на храната се повисоки од просекот на ЕУ и во Италија (104 евра) и Германија (102,9 евра). Шпанија (94,6 евра) е за 5,4% поевтина од ЕУ.

(Видео): Социјални случаи преку злоупотреби цицале по 60-65 илјади денари месечно

Тоа е крадење, тоа е незаконски. Да, ќе го прочистиме и ќе го филтрираме списокот на корисници на гарантирана минимална помош затоа што се грижиме за државата и се грижиме за иднината на државата, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски запрашан за случаите за лица кои по различни основи добивале и по 60-65 илјади денари месечно.

ТИТАН Усје во 2026 продолжува со инвестиции во дигитализација и декарбонизација, очекува раст на продажбата

Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација

Македонија со пофалби за напредокот во енергетските реформи и либерализацијата на пазарот на струја

Од надлежните институции во земјата посочуваат дека реформите ќе продолжат со засилено темпо, со цел создавање модерен, конкурентен и одржлив енергетски пазар, усогласен со европските стандарди и во интерес на граѓаните и стопанството.

To top