Македонија

По преседанот со Украина и Македонија може технички да преговара за членство додека не се најде решение со Бугарија

Комисијата може, на техничко ниво, да преговара во повеќе области и тоа и ќе го направи

 

 

Интервјуто на Марта Кос, ЕУ Комесар за проширување за германскиот јавен медиумски сервис покажува дека по примерот со Украина и Македонија може технички да преговара за членство додека не се најде решение со Бугарија.

Кос во интервјуто вели дека Европската комисија од земјите членки добила инструкции кои се очекувањата од Украина во однос на кластерите 1, 2 и 6, што за ЕК е јасен сигнал дека Комисијата може, на техничко ниво, да преговара во овие области, и тоа и ќе го направи.

Според Кос Точно кога Украина ќе дојде на крајот во сите поглавја ќе биде потребна едногласност за истите да се затворат и таа се надева дека тоа ќе се постигне.

По аналогија Европската комисија може да го стори истото и со Македонија, преговорите да се одвиваат како што тоа ќе го стори Украина и на крајот на преговорите да се бара согласност од сите членки.

Комесарката Кос блокадата на Унгарија во врска со отварањето на преговорите на Украина заради членство во ЕУ ја квалификува како “нефер и неевропска” , а исто така потенцира дека кластерите 1, 2 и 6 можат да се отворат и за истите да се водат преговори на “техничко ниво” ,а консензусот да се бара во моментот на нивното затварање.

 

Транскрипт од интервјуто на Кос:

 

 

Прашање:

Рековте дека треба да отворите преговори за три поглавја со Украина како кандидат за членство во ЕУ, но за тоа не постои едногласност кај сите земји членки бидејќи Унгарија блокира заради војната, но и заради унгарското малцинство во Украина. Како планирате да ја надминете оваа блокада за да можете да продолжите со преговорите?

 

Кос:

Унгарија гласаше ЗА, кога се одлучуваше да И се даде кандидатскиот статус на Украина. Без овој чекор на 27-те членки на ЕУ ќе беше невозможно да разговараме за тоа што Украина треба да исполни денес. Подоцна, за жал, Унгарија го смени своето стојалиште, и мислам дека тоа не е фер, тоа не е европски, и тоа не е солидарно. Првенствено сум им кажала на унгарските политичари дека нивниот проблем со унгарското малцинство во Украина не е таков како што го претставуваат. Во регионот Задкарпатија сум се сретнала и со претставници на ова малцинство и тие се задоволни со Акцискиот план што е изготвен од Украина и сега треба да се спроведе. Вчера во Ливов од претставниците на Унгарија слушнав дека тие не се противат на членство на Украина заради војната, туку дека генерално се против членството на Украина во ЕУ и предлагаат да се оди со понуда за Стратешко партнерство. Не. Тоа не е правилниот пат. Уште еднаш, одлуката за кандидат беше на сите 27 членки и ние бараме толку многу од земјите кандидати да испорачаат, но и ние треба да испорачаме. И тоа што вчера се случи во Лвов (на неформалниот состанок на министрите за Европски прашања на земјите членки на ЕУ , з.н.) е дека Европската комисија од земјите членки доби инструкции кои се очекувањата од Украина во однос на кластерите 1, 2 и 6, што за нас е јасен сигнал дека ние како Комисија можеме, на техничко ниво, да преговараме во овие области, и тоа и ќе го направиме. Точно е исто така дека кога ќе дојдеме на крајот во сите поглавја ќе ни треба едногласност за истите да ги затвориме и јас се надевам дека тоа ќе го постигнеме.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top