Регион

Земјотрес во Косово утрово го стресе и Скопје

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утрово во Скопје е почувствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот е почувстуван во Скопје, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, земјотресот е на длабочина од 5 километри, а епицентарот е на 12 километри од градот Гнилане во Косово, во близина на границата меѓу Косово, Србија и С Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утрово во Скопје е почувствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

„Епицентарот на земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 километри северно од Скопје, со Рихнерова локална магнитуда од 3,3 степени“, велат од Опсерваторијата.

На социјалните мрежи, жители на Скопје и околината објавија дека земјотресот ги разбудил откако почувствувале кратко, но силно тресење.

Најнови вести од: Регион

Во Косово пристигна првиот мигрант депортиран од САД, објави Курти

Косово се согласи во јуни привремено да прими до 50 мигранти кои се предвидени за депортација од САД според новите, построги правила за имиграција на САД, а со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната матична земја,

To top