Спорт

Ракометарите со премија од два милиона денари за секоја победа на ЕП

За пласман во групната фаза од вториот круг наградата за избраниците на селекторот Лазаров исто така е околу 32.500 евра

Ракометната федерација на Македонија, заедно со Министерството за спорт, одредија премија од два милиона денари за секоја победа на машката репрезентација на претстојното 17. Европско првенство Данска, Шведска и Норвешка, а толкава ќе биде наградата и за евентуалниот пласман во втората фаза.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе стартуваат на 16 јануари од 20:30 часот во Хернинг против соорганизаторот Данска, два дена подоцна од 18 ч. ќе играат со Португалија и на 20 јануари исто така од 18 ч. ќе ги одмерат силите со Романија.

Двете првопласирани селекции од групата Б ќе продолжат во групата 1 од вториот круг, во рамките на која ќе вкрстат со по двата најдобри тима од групите А (Германија, Шпанија, Австрија и Србија) и Ц (Франција, Норвешка, Чешка и Украина), а ќе ги пренесат бодовите од прелиминарната фаза.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top