Македонија

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Македонија подготвува радикален пресврт во законот за забрана на пушење. Забраната ќе важи во сите затворени простори од јавен карактер, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи драстично ќе се ограничи. Цигарите целосно ќе се тргнат и од видното поле на купувачите во маркетите, пренесе Телма. Скроен е новиот закон за заштита од пушење кој ќе биде ставен на јавна расправа. Во сегашната верзија се предвидуваат ригорозни правила за сите затворени јавни институции.

  • „Забраната важи за сите угостителски објекти за исхрана, вклучувајќи, ресторани, барови, меани, кантини“, се дел од предложените измени на законот за пушење.  

Пушењето, според одредбите на законот, ќе биде забрането дури и на терасите на кафеаните, доколку тие не се целосно отворени од најмалку три страни, пишува во предлог законот. Забрана ќе има и за пушење во автомобил, во присуство на дете, на автобуски и железнички станици, на пазари и во редица други институции и на јавни простори. Истата забрана со новиот предлог закон ќе важи и за сите типови на електронски цигари и вејп уреди, а дополнително се забранува користење ароматизирани цигари.

  • „Се забранува производство, увоз, дистрибуција, продажба и ставање во промет на тутунски и никотински производи кои содржат ароми или вкусови“, се наведува во предлог законот. 

Исто така, цигарите, било обични, било електронски ќе се забранат за рекламирање и нема да смеат да бидат видливо изложени на рафтовите. Ова се дел од новите, построги законски измени на Законот за пушење, а кои наскоро треба бидат објавени на платформата ЕНЕР и да отворат јавна дебата. Во министерството за здравство кои се креатори на овие измени велат дека тие се неопходни, а целта е да се спречи здравствена катастрофа.

  • „Со предлог-законот се предвидува воведување појасни и построги правила за заштита на здравјето на граѓаните, со фокус на превенција и заштита на децата и младите. Целта на подготвеното законско решение е намалување на изложеноста на чад и аеросоли и спречување на нови генерации зависници“, велат од министерството за здравство. 

Неодамна, директорот на Фондот за здравство објави дека стапката на пушење кај возрасни е над 45%, што е далеку над просекот на Европа. Половината од пушачите консумираат повеќе од 20 цигари дневно. Статистката покажува и дека во државата годишно умираат околу 4.000 луѓе од болести поврзани со пушењето.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top