Бизнис

Бран на незадоволство кај работниците – Синдикатите повикуваат на протести, од кога?!

Незадоволството околу непостигнувањето договор за зголемување на минималната плата ќе резултира со јануарски бран на протести во Македонија. Синдикатите најавуваат дека деновиве излегуваат на улица. Предвидени се штрајкови во повеќе институции и блокади на улици.

Едни повикуваат на протести, други бараат дијалог. Сојузот на синдикати на Македонија наредната недела ќе каже кога ќе ги активираат најавените протести. Од ССМ уште еднаш порачаа дека тоа е еден од начините како работниците да се изборат за повисока плата, од каде бараат минималецот да изнесува 600 евра. Согласно закон, во март мининалната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари со што ќе изнесува 26.000 денари. И од Независниот синдикат на одбраната побараа зголемување на платите во Одбрана, затоа што како што велат, веќе две години не добиле никакво покачување.

Законот за плата и други надоместоци на пратениците и избраните лица предвидува дека платата на функционер се утврдува врз основа на просечната плата во државата, коефициент и работно искуство. Работното искуство се вреднува со 0,5% за секоја започната година стаж, а најмногу до 20%. Но, според ССМ, функционерите одбиваат да дадат поддршка за зголемување на минималната плата и останатите работнички плати. Владата планира само усогласување од околу 25 евра од март, што е далеку од барањата на синдикатите.

Освен зголемување на бодот за пресметка на основната плата за 20 отсто, Синдикатот на одбраната бара и ревизија на бодовниот систем на квартално ниво и решавање на статусот на професионалните војници до остварувањето на право на пензија.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top