Бизнис

Владата ја отвори вратата за дури 10.000 странски работници во Македонија

Владата ја зголеми квотата за работни дозволи за странски државјани за годинава на вкупно 10.000 ангажмани. Според одлуката која стапи на сила од вчера, 9.750 дозволи се наменети за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани.

Македонија за годинава ја зголеми квотата за странски работници кои може да работат во земјава на 10.000 работни дозволи. Како што е познато ангажирањето на странски работници во земјава е на барање на бизнис-заедницата, која континуирано изминативе години се жалеше на недостаток на работна сила. Одлуката на Владата за зголемување на работните дозволи за странци стапи на сила денеска, а најголемиот дел од
квотата – 9.750 дозволи, се наменети за редовно вработување.

За упатени странци ќе можат да се издадат 200 дозволи, а за сезонски ангажмани – 50. Од овие дозволи 4.500 се за нови работници, а 5.250 се за продолжување на дозволите на веќе вработените странски работници.

Бизнисмените со години бараат зголемување на квотите за вработување странски работници.

Агенцијата за вработување лани дала над 8.500 позитивни мислења за работни дозволи, а Министерството за внатрешни работи одобрило повеќе од 6.000 дозволи за престој на странски работници. Изминативе пет години бројот на работните дозволи за странци се зголемува, а најчесто работници се ангажираат за градежништвото, преработувачката индустрија, угостителството и трговијата. Најмногу странски работници во Македонија доаѓаат од Бангладеш, Непал, Индија, Турција, Кина и Филипините.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top