Регион

Уапсен во Белград возачот кој прегази жена во Капиштец и избега

По сообраќајната несреќа Саит Саитов (18) избегал од местото на настанот, а потоа ја напуштил и државата со помош на неговиот татко и други роднини

Осумнаесетгодишниот возач Саит Саитов, кој минатиот месец ја прегази и ја усмрти 75-годишната Љуба Јаковлеска во скопската населба Капиштец, е уапсен во Белград.

Информацијата синоќа ја соопшти адвокатот Звонко Давидовиќ во подкастот „Претрес“.

По сообраќајната несреќа младиот возач избегал од местото на настанот, а потоа ја напуштил и државата, наводно со помош на неговиот татко и други роднини.

Адвокатот Давидовиќ изјави дека осомничениот ќе биде екстрадиран од Србија во Македонија, додавајќи дека, според неговите сознанија, најверојатно е приведен и таткото на осомничениот.

Тој посочи дека роднините кои помогнале при преминувањето на границата тврдат дека не знаеле оти Саитов е сторител на тешко кривично дело. Според нивните искази, при преминувањето на граничниот премин „Табановце“ не им било познато дека младиот возач е вмешан во сообраќајна несреќа со смртни последици.

„Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело. Мажот работи во Дирекцијата за заштита и спасување и поради потребите на своето дете со посебни потреби често патувал во Србија за набавка на суплементи“, изјави Давидовиќ.

Му помогнале да избега откако прегази пешак, ОЈО поднесе обвинение

Најнови вести од: Регион

„Курир.рс“: „Кавачкиот клан“ подготвувал атентати врз високи државни функционери во Србија?! – Откриено огромно количество експлозив, оружје и кокаин!

Тројца членови на „Кавачкиот клан“, кои беа уапсени синоќа во Белград со огромна количина кокаин, оружје и експлозиви, се осомничени за планирање атентати врз високи државни функционери во Србија, објави српскиот информативен портал „Курир“.

To top