Македонија

Вчера уапсени шестмина, возеле без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол!

Во текот на вчерашниот ден, полицијата на целата територија на Македонија лиши од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол.

По еден возач во прилепско – малолетник и тројца возачи од тетовско управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Скопје управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија, а 37-годишна жена управувала возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или ако имаат изречена мерка за забрана за управување, или ако се под дејство на алкохол, сѐ заради заеднички придонес кон побезбеден сообраќај.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top