Македонија

Лажни дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и Тетово

Во неколку основни и средни училишта во Скопје и Тетово денеска биле пријавени наводно поставени експлозивни направи. Но по извршените проверки било констатирано дека станува збор за лажни дојави.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека биле активирани протоколите за постапување во вакви случаи веднаш по приемот на пријавите. Потоа полициски екипи спровеле детални проверки на теренот. „Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштуваат од МВР.

Надлежните институции продолжуваат со активности за расчистување на случаите и идентификување на лицата што стојат зад пријавите.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top