Македонија

Мицкоски: Нема уставни измени без јасен договор

Целта на официјална Софија е да каже дека податоците од пописот на населението не се точни и дека присуството на бугарското малцинство во Македонија е повеќе од 10 проценти

 

Оваа Влада нема да влезе во ниту еден процес на уставни измени без јасна прелиминарна стратегија и јасен договор, изјави премиерот Христијан Мицкоски вчера. .

Во одговор на новинарско прашање дали Софија ќе излезе со нови барања по објавувањето на податоците дека на над 216.000 македонски граѓани им се издадени бугарски пасоши, Мицкоски со одговор дека целта на официјална Софија е да каже дека податоците од пописот на населението не се точни и дека присуството на бугарското малцинство во Македонија е повеќе од 10 проценти.

„А за тоа ќе биде потребна соодветна застапеност“, рече премиерот Мицкоски.

Според него, претходната влада не“ довела до оваа ситуација, за која предупредија дека ќе се случи.

„За жал, оние од претходната влада не сакаа да го видат ова и нè доведоа до оваа ситуација, иако тогаш ги предупредивме дека тоа е крајната цел. Додека Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, продаваа и со широко отворени очи велеа дека го решиле проблемот, тие во суштина не ја гледаа вистинската стратегија.

Но, за среќа на македонските граѓани, ние сега сме Влада и нема да влеземе во ниту еден процес толку широко отворен, без јасна стратегија и јасен договор“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

To top