Бизнис

(Видео): Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност

Каналите преку коишто може да се пренесе растот на светските цени на енергентите и кај нас се директни и индиректни. Директните се однесуваат на пренесувањето на овој раст директно врз домашните цени, како и врз вкупниот увоз. Индиректните ефекти би ги почувствувале преку промените на економските изгледи на нашите трговски партнери, односно земјите од Европската Унија. Досегашните оцени за последиците од конфликтот за европската економија посочуваат на ограничени ефекти врз инфлацијата и растот или, со други зборови, нема очекувања за некои големи промени во надворешното окружување за домашната економија гледано низ оваа перспектива.

Народната банка внимателно ги следи сите поместувања поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да реагира со соодветни инструменти доколку се појават поизразени и подолготрајни ефекти врз домашната економија, истакна вицегувернерката Ана Митреска во интервју за ТВ „Телма“.

  • „Засега, најверојатните сценарија се умерени, со оцени за побрзо смирување на воените операции, ограничени ефекти врз снабдувањето и цените на енергентите и помали економски последици. Доколку дојде до ескалација и ако се покаже дека ефектите од конфликтот се подолготрајни, со посилни притисоци врз инфлацијата и девизните резерви, централната банка има простор да реагира со повеќе инструменти за стабилизација што ѝ стојат на располагање“, нагласи Митреска. 

Митреска посочи дека каналите преку коишто може да се пренесе растот на светските цени на енергентите и кај нас се директни и индиректни. Директните се однесуваат на пренесувањето на овој раст директно врз домашните цени, како и врз вкупниот увоз. Индиректните ефекти би ги почувствувале преку промените на економските изгледи на нашите трговски партнери, односно земјите од Европската Унија. Досегашните оцени за последиците од конфликтот за европската економија посочуваат на ограничени ефекти врз инфлацијата и растот или, со други зборови, нема очекувања за некои големи промени во надворешното окружување за домашната економија гледано низ оваа перспектива.

  • „Народната банка постојано ги следи состојбите и можните ефекти врз македонската економија. Во изминатите години, напоредно со справувањето со кризите, градевме дополнителен простор и капацитет за ублажување на можните нови шокови. Девизните резерви во моментов се околу 70% над нивото пред пандемијата, а отпорноста на банкарскиот, систем според сите параметри, дополнително зајакна во изминативе неколку години. Оттука, нема дилема околу континуитетот во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и на вкупната макроекономска стабилност“, порача Митреска.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа

Според досега објавените податоци на „Евростат“, инфлацијата во Еврозоната во август се проценува на 3,3%, наспроти 2,6% во Македонија. Во јули инфлацијата во Еврозоната изнесуваше 2,9%, додека во Македонија беше 2,3%. Тоа значи дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од Еврозоната.

За три месеци се завршени градежни работи вредни 242 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски оцени дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година.

Растот од 4,3% е четврти најголем во ЕУ, велат од Владата

Според податоците на ДЗС во второто тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9%. Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,0 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83,2 отсто.

Македонската економија расте за 4,3%, министерката за финансии вели дека може и повеќе

Според Димитриеска-Кочоска, повисок и одржлив економски раст не може да се постигне преку ноќ. Таа вели дека се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во економските политики.

Владата најави казни за трговците што ќе ја злоупотребат мерката „Училишна кошничка“

Мерката се спроведува трета година по ред и ќе трае до 30 септември. Со неа, трговците на големо се задолжени да ги намалат цените на опфатениот училишен прибор за најмалку 10%, додека кај трговците на мало намалувањето треба да изнесува најмалку 15%.

To top