Македонија

Менкиноски: Црн печат на адвокат не бил ставен ни во Нирнбершките процеси

Бугарија е во паника бидејќи може да биде исклучена од Советот на Европа за непочитување пресуди, вели адвокатот

Адвокатот Тони Менкиноски, кому Бугарија му изрече десетгодишна забрана за влез во државата, во „Тема на денот“ на ТВ Сител за апсурдноста на неговиот случај се повика на Нирнбершкото судење по Втората светска војна.

„Да се стави црн печат на адвокат не се случува ни во Нирнбершките процеси, кога се затапувани најголемите нацисти, а камоли кога вие застапувате организација која 17 пати има добиено пртесуди во Судот во Стразбур против Бугарија за повреда на основните човекови права во оваа држава“, рече застапникот на ОМО „Илинден“-ПИРИН пред Европскиот суд за човекови права.

Тој не добил образложение зошто не му е дозволен влез кај источниот сосед на Македонија, а потегот го оцени како паничен од страна на Софија.

„Мислам дека причината е тоа што во почетокот на мај Комитетот на министри, 46 членки на Советот на Европа, ќе расправаат во врска со непочитувањето или неимплементирањето на одлуката на Европскиот суд за човекови права за Бугарија. Бугарија е во паника бидејќи може да се донесе одлука за исклучување на Бугарија од Советот на Европа поради непочитување на столбот, на главниот столб, а тоа е Судот (ЕСЧП) во Стразбур“, објасни Менкиноски.

Според адвокатот, постојат повеќе механизми за оспорување на оваа одлука на Бугарија, и тоа пред Советот на Европа и Обединетите нации, информирани се и Хјуман рајтс воч и Амнести интернешенел, а тој денеска се обратил и до сите адвокатско-конзуларни претставништва во Македонија.

На тоа дека, наводно, ја загрозува националната безбедност на Бугарија, Менкиноски одговара оти, ако е така, тогаш загрозена е и Македонија како нејзин сојузник во НАТО, што за него е апсурд.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top