Македонија

Макпетрол: Попустот што до понуди „ОКТА“ не е доволен

Од ОКТА вчера соопштија дека до крајот на месецов, за трговците кои набавуваат горива од оваа компанија е обезбеден попуст од 2 денари по литар за дизел и за бензините

„Макпетрол“ смета дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.

Имајќи предвид дека добавувачот изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги затворија своите продажни објекти, за очекување беше дека ќе се добијат повисоки дисконти во набавната цена.

Со оглед на состојбата, се очекува цените на суровата нафта и понатаму да растат, а тоа значи дека трговците и натаму ќе бидат принудени да работат со загуби.

„Макпетрол“ како најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни, вклучувајќи ги граѓаните, смета дека е замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и малопродажните цени, како што е пракса во регионот, се вели во соопштение од „Макпетрол“ .

Од ОКТА вчера соопштија дека до крајот на месецов, за трговците кои набавуваат горива од оваа компанија е обезбеден попуст од 2 денари по литар дизел и бензини.

Со тоа, информираат од компанијата, на големопродажните и малопродажните партнери им се овозможува дополнителна флексибилност оваа поддршка да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на своите потрошувачи.

Иницијативата доаѓа по успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот „ВАРДАКС“ што го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата. Врз основа на очекуваните количини што треба да се пласираат на домашниот пазар до крајот на март, од Окта проценуваат дека вкупниот придонес за поддршка на пазарот ќе изнесува околу 2 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

To top