Македонија

Едниот малолетник со нож бркал деца низ улица во Тетово, другиот снимал со мобилен телефон!

Инцидент со малолетници е пријавен во Тетово, откако едно лице со нож бркало други деца низ улица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, вчера, на 19 март околу 17 часот двајца родители од Тетово пријавиле дека на улицата „Борис Кидрич“ нивните малолетни деца биле пресретнати од тројца малолетници. Еден од нив имал нож и почнал да ги брка, додека друг го снимал настанот со мобилен телефон.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Денот на армијата: Да имаме уште многу поводи за прослава на славната македонска армија!

Триесет и четири години потоа, со сигурност тврдам дека македонската армија не е почетничка, туку високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност, висока интероперабилност со сојузничките сили, војничка дисциплина и стаменост, што резултира со највисока доверба кај граѓаните и заслужена почит од сојузниците

Леон Мерсовски – Македонец, муслиман, вмровец кој не гледа противречност меѓу овие работи

Не сум Македонец со фуснота. Не сум Македонец под услов. Не сум половина Македонец. Не сум должен да положам дополнителен испит за македонство затоа што сум роден и воспитан во исламска вероисповед.
Јас сум Македонец.
Точка.

To top