Бизнис

Основната каматна стапка останува на нивото од 4% и покрај притисоците од надвор

Движењата во монетарниот сектор и натаму се солидни. Податоците за депозитите и кредитите на банките во февруари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките. Кредитната активност и натаму расте, но забавено, умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.

Народната банка  го задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, во согласност со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици. Извршниот одбор за монетарната политика на НБ на денешната седница ја задржа основната каматна стапка на нивото од 4% а како главна причина за тоа ја наведе зголемената светска неизвесност и непредвидливост, предизвикана од воениот конфликт на Блискиот Исток.

Одборот оценува дека првичните ефекти од конфликтот се видливи преку нарушувањето на снабдувањето со нафта во светот и растот на цените на енергенсите, но севкупните ефекти врз светската економија се условени од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток.

  • Евентуалното подолго времетраење, како и проширување на воените дејства ќе предизвикаат подолготрајни нарушувања на пазарот на енергенси, посилно зголемување на нивните цени, пролонгирана неизвесност, раст на општото ценовно ниво и полоши економски изгледи – велат од НБ.

Во домашната економија, инфлацијата и натаму забавува во согласност со очекувањата, а годишната стапка на инфлација се сведе на 2,9% во февруари. Значително забавување бележи и базичната компонента на инфлацијата, којашто е послаба од очекувањата.

  • Наспроти досегашниот поволен тренд кај домашната инфлација, ризиците околу нејзината идна динамика се зголемени. Тие се поврзани со последните воени случувања и прекините во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот. Пазарните оцени за цените на нафтата во следниот период се ревидирани поизразено во нагорна насока, на кус рок. Подолгорочните ефекти врз светските цени, а со тоа и врз домашната инфлација се условени од силината и времетраењето на воените дејства на Блискиот Исток – велат од НБ..

На крајот на февруари 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.558 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 годинашто, според сите релевантни меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви, се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута.

Во изминатата година, домашната економија се покажа генерално отпорна на неизвесното и променливо надворешно окружување и забележа забрзан економски раст, под влијание на домашната инвестициска активност, но и на солидниот извоз, а остварувањата се во согласност со проекциите.

Движењата во монетарниот сектор и натаму се солидни. Податоците за депозитите и кредитите на банките во февруари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките. Кредитната активност и натаму расте, но забавено, умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.

  • Досегашните измени во задолжителната резерва, макропрудентните мерки поврзани со критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица, како и одлуките за управување со системските ризици, обезбедуваат дополнителна поддршка за претпазливата поставеност на монетарната политика – велат од НБ.

Одборот одлучи на утрешната аукција, како што соопштија од централната банка ќе записи, ќе се понудат записи во износ од 36 милијарди денари, а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа.

 

Најнови вести од: Бизнис

Македонскиот „Грин Машинс“ БРАКО блесна на светскиот саем ИФАТ во Минхен

Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји производители во оваа индустрија, македонската компанија ги презентираше своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена

Британскиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој

(Фото): Народна банка ги презентираше макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Банкарскиот систем и натаму е стабилен, при солидна кредитна и депозитна активност. Во светското окружување сѐ уште владее висока неизвесност и ризици, поради што Народната банка внимателно ќе ги следи движењата и ќе реагира соодветно, во согласност со својата основна цел ‒ одржување на ценовната и финансиската стабилност.

Можни се нови преговори со ОКТА за продолжување на попустот за горивата, велат од Владата

Во однос на електричната енергија, министерката изјави дека поддржува евентуално преиспитување на тарифните блокови доколку резултира тоа со пониски сметки за граѓаните. Таа нагласи дека Регулаторната комисија за енергетика веќе најавила можни анализи во тој правец, а Министерството ќе ги поддржи сите решенија што водат кон намалување на трошоците за домаќинствата.

To top