Свет

Шпанија ќе бара од ЕУ раскин на договорот за придружување со Израел

Премиерот Санчез го најави овој потег за во вторник поради кршење на меѓународното право од Израел

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе побара од Европската унија да го раскине договорот за асоцијација со Израел поради кршење на меѓународното право.

Целта на овој договор е да се обезбеди соодветна правна и институционална рамка за политички дијалог и економска соработка меѓу ЕУ и Израел.

„Во вторник шпанската влада ќе ѝ достави на ЕУ предлог за раскин на договорот за асоцијација со Израел, кој е во сила од јуни 2000 година“, рече Санчез.

Шпанскиот премиер, кој значително ги зголеми критиките кон Израел во изминатата година, смета дека Израел го крши меѓународното право и затоа не може да биде партнер на Европската Унија.

По признавањето на палестинската држава и осудувањето на геноцидот во Газа, Санчез спроведува кампања низ цела ЕУ за осуда на постапките на израелската влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Санчез, исто така, се огласи за она што тој го нарекува нелегални напади врз Иран и Либан и остро го критикуваше одобрувањето од израелскиот парламент на смртната казна за лица осудени за терористички напади.

Најнови вести од: Свет

Фицо: Укинувањето на правото на вето ќе значи почеток на крајот за ЕУ !

Словачкиот премиер Роберт Фицо ги осуди обидите на Европската комисија да обезбеди одлука на ниво на ЕУ за укинување на правото на вето на земјите-членки за прашања од надворешната политика. „Укинувањето на правото на вето на земјите-членки на ЕУ би го означило почетокот на крајот на Унијата!“ – предупреди Фицо.

To top