Македонија

Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во заедничка фитнес сесија организирана од Реплек

РЕсет платформата на „Реплек“ продолжува да ја шири својата инспиративна фитнес енергија низ земјава.

РЕсет платформата на „Реплек“ продолжува да ја шири својата инспиративна фитнес енергија низ земјава. Следна станица во рамки на серијата интерактивни активности е Штип, каде на 25 април, сабота, со почеток во 11.00 часот, во спортската сала на Државниот училиштен центар „Коле Нехтенин“, ќе се одржи осмото издание на настанот, со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало. Со засилувањето што ќе го добие од Бојана Ташков од Штип, настанот добива силна регионална компонента и нова мотивациска димензија.

Настанот е дел од РЕсет платформата за добросостојба на „Реплек“, која континуирано реализира бесплатни активности и работилници со цел да поттикне ведар дух, здраво тело и ментална сила кај граѓаните. Преку оваа платформа, компанијата веќе неколку години активно работи на подигање на свеста за значењето на здравите животни навики и нивната улога во севкупната добросостојба.

РЕсет Vol.8 е наменет за сите генерации што создаваат нови навики за здраво тело, ментална сила и баланс, и сакаат да направат позитивна промена во своето секојдневие, преку грижа за сопственото физичко и ментално здравје. Сесијата ќе биде прилагодена за различни нивоа на физичка подготвеност, а учесниците треба да понесат само чисти патики и добро расположение. Покрај штипјани, на настанот се поканети и сите заинтересирани од другите градови од Истокот, кои се подготвени да излезат од зоната на комфорот и да стартуваат со физичка активност.

Учеството на настанот е бесплатно, а пријавувањето се врши преку следниот линк: https://shorturl.at/iY0I7

Во изминатиот период, РЕсет платформата опфати различни формати на настани, меѓу кои масовни фитнес сесии на отворено, едукативни работилници за паметен пристап кон вежбањето и за други теми поврзани со промовирање на добросостојбата. Летото беше одржан голем настан во Охрид, со поддршка на локалната фитнес инструкторка Емилија Колоска, предизвикувајќи силен интерес кај посетителите. Секое ново издание носи нов концепт, но останува верно на основната цел: да инспирира одржливи позитивни промени кај поединците и заедницата.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top