Македонија

Македонија бара од Грција да ги укине биометриските проверки летово – Ќе има ли олеснување на граница?!

Засега – нема официјална одлука, но постои реална можност да има олеснувања. Македонските туристички власти, преку Туристичко-угостителската комора, веќе испратиле барање до Министерство за туризам на Грција македонските туристи привремено да бидат изземени од примената на ЕЕС во периодот од 1 јуни до 30 септември – односно во шпицот на летната сезона.

Новиот европски систем бара биометриска регистрација (фотографија и отпечатоци), што може значително да го забави минувањето на граница и да создаде долги колони. За да се намалат гужвите, и да се олесни процесот, туристичко-угостителската комора побара од грчкото Министерство за туризам, за време на летната туристичката сезона туристите од земјава да бидат изземени од биометриските контроли за влез и излез на ЕУ (ЕЕС) за да се намали метежот на границите и да се намалат трошоците на туристичките агенции поврзани со доцнењето, информира првиот човек на комората Аркан Керим.

  • Денеска стапивме во контакт со грчката министерка за туризам и побаравме македонските туристи да бидат изземени од овој систем во периодот од 1 јуни до 1 септември. Се надеваме дека министерката ќе го земе предвид нашето барање и дека деновиве ќе добиеме позитивен одговор – вели Керим.

Ова барање на македонската Туристичко-угостителска комора доаѓа по информацијата според која грчката влада одлучи  граѓаните на Велика Британија да не подложат на биометриска контрола при влегување во земјата, а главна причина за тоа беше дека 4,89 милиони британски туристи ја посетиле Грција во 2025 година.

Туристичките работници од земјава веруваат дека Грција ќе ја искористи препораката на Европската комисија која вели дека секоја земја во одреден момент може да го запре системот ЕЕС (влези излез од ЕУ) кога ќе се пребукираат границите и системот ќе стане многу бавен. Покрај нашите туристички работници и српските се надеваат дека Грција ќе ги ослободи  граѓаните од Србија од биометриската контрола на грчките граници, ако не со посебна одлука, барем со почеста примена на исклучокот што го дава Европската комисија.

Системот за влез и излез во ЕУ (ЕЕС) кој почна да се применува пред две недели предизвика големи гужви на сите граници во ЕУ, посебно во авиосообраќајот каде што се чека и по неколку часа за да се завршат формалностите, а патниците ги испуштаат и авионите. Поради ова авионските организации побараа поголема флексибилност на границите.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 јули строги правила за влез во ЕУ за комбиња и лесни камиони

Европските институции очекуваат новите мерки да придонесат за поефикасен надзор врз меѓународниот транспорт, подобра контрола на движењето на возилата и построго почитување на правилата за работното време на возачите.

Мицкоски: Соседна држава шири теза за запирање на европските фондови со цел да банкротираме и да прифатиме сè што се бара од нас

Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза и додаде дека сознанијата доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

Државната ревизија откри сериозни слабости во работењето на енергетскиот преносен оператор АД МЕПСО

Сериозни системски слабости откри Државниот завод за ревизија во работењето на АД МЕПСО во 2024 година. Податоците од ревизорскиот извештај покажуваат дека се утврдени недоследности во сопственоста на далноводите, потоа откриени се неругуларности при вработувања, а за дел од потрошените пари по основ на инвестиции на државната компанија недостасувала соодветна документација.

Мицкоски: Очекувам да бидеме прворангирани на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ!

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски смета дека во дадениот рок ќе бидат донесени сите реформски закони, со што Република Македонија ќе биде прворангирана на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ и со официјална одлука на почетокот на јули ќе бидат ослободени уште пари за македонската држава.

To top