Хроника

Инспектори на терен по трагедијата во Кисела Вода

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот.

-Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор, информираат од ОЈО Скопје.

Утринава четири лица беа затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода. При несреќата едно лице го загуби животот, а тројца се повредени. Повредените биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде кај двајца се контатирани полесни повредени, додека кај третиот повреден констатирани се тешки повреди, односно скршеници на двете потколеници и една натколеница.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top