Бизнис

Почна обновата на Универзалната сала во Скопје

Проектот за реконструкција на Универзалната сала ќе се реализира по принципот „клуч на рака“

Почна обновата на Универзалната сала во Скопје, проект вреден 20 милиони евра.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот за култура Зоран Љутков и со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го посети градилиптето очекува изградбата да биде завршена во рамките на рокот и во рамките на предвидениот буџет.

– Проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Јас сум благодарен од мое име, од името на граѓаните на градот Скопје, што овој објект после сите оние перипетии од минатото ќе добие некаква физиономија. Според она што го видов и што го презентираше проектантот ќе биде навистина прекрасно дело. Па, ајде да не зборуваме што се вели пред време, да го завршиме и потоа сите заедно да се радуваме и да уживаме во културните настани коишто тука ќе се организираат – рече премиерот Мицкоски.

Фото: Влада на Македонија

Министерот за култура Зоран Љутков, вели дека Универзалната сала ќе биде готова до крајот на 2027 година, а нејзиното отворање со некаков настан да се означи на почетокот на 2028 година.

– Универзалната сала ќе биде завршена до крајот на 2027 година. Ќе биде дел од „Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година“. Имаше правни пречки, имаше поделени стопанисувања меѓу Град Скопје и Министерството за култура, не се знаеше кој е одговорен во овој дел. Кога ги решивме овие пречки, во истиот момент продолживме со целата процедура. Инвеститор е Министерството за култура, преку Владата, а парите, 20 милиони евра, ги обезбеди Владата – изјави министерот Љутков.

Прашан дали се гарантира безбедноста во поглед на пожари, Љутков рече дека се направени  неколку испитувања во врска со тоа, првите две нарачани од самиот изведувач, а потоа уште едно.

– Останува истата челична конструкција, која се покажа дека не е оштетена при пожарот – рече Љутков.

Фото: Влада на Македонија

Нека е аирлија, ова е момент кој Скопје долго го чекаше, почнува реконструкцијата на Универзална сала, објави градоначалникот Ѓорѓиевски на Фејсбук.

„Премногу време овој процес беше закочен, премногу време стоеше во место, а скопјани останаа без еден од најпрепознатливите симболи на градот. Универзалната сала е спомен на солидарноста, на пријателството и на човечноста, изградена по разорниот земјотрес, како доказ дека Скопје никогаш не било само и дека секогаш знаело да се издигне“, порача Ѓорѓиевски.

Многумина во минатото имаа можност да го вратат достоинството на овој простор, додаде тој.

„Но, како што е познато, само Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради, создава и ја развива државата. Затоа, сакам да упатам искрени честитки и благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за силната поддршка, визијата и за одлучноста овој проект конечно да се придвижи.
Благодарност и до министерот за култура, Зоран Љутков, за посветеноста и за конкретниот придонес во реализацијата на оваа важна инвестиција за Скопје и за македонската култура“, вели градоначалникот.

Универзалната сала е дел од колективната меморија на нашиот град, потсети тој.

„Тука се одржувале концерти, фестивали, претстави и настани кои оставиле трага во животот на многу генерации. Речиси секој скопјанец има свој спомен поврзан со ова место. Затоа нејзината обнова не значи само реконструкција на една зграда, туку враќање на еден важен дел од душата на Скопје“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Фото: Влада на Македонија

 

Проектот за реконструкција на Универзалната сала ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, со што се обезбедува целосна изведба и подготвеност за употреба, без дополнителни интервенции.

„Овој проект претставува еден од клучните чекори во подготовките на Скопје за освојување и за достојно носење на престижната титула Европска престолнина на културата 2028. Со обновениот изглед, Универзалната сала ќе прерасне во модерна, функционална и репрезентативна културна институција, способна да биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и други значајни културни настани. По завршувањето на реконструкцијата, објектот ќе биде целосно предаден во владение на Град Скопје, како простор кој повторно ќе им служи на граѓаните, на уметниците, на младите и на сите генерации што ја сакаат културата“, вели Ѓорѓиевски.

Универзалната сала требаше да биде изградена во мандатот на претходната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Но, таа не ја градеше, па Министерството за култура ги презеде ингеренциите од Град Скопје и почна да ја гради. За време на изградбата, во април 2024 година,  градилиштето се запали и изградбата беше стопирана.

 

Најнови вести од: Бизнис

За три години во Македонија влегле над 11 милиони килограми млеко во прав

Додека официјалните статистики покажуваат раст на увозот на млеко во прав, домашните производители на млечни производи тврдат дека на македонскиот пазар во моментов залихите на млеко се поголеми од побарувачката и дека млекото во прав речиси и не се користи во производството на млечните производи. Истовремено, бројките покажуваат дека домашното производство на кравјо млеко повторно расте, но сè уште не го достигнало нивото од пред неколку години.

(Фото): Младите во фокус на Оперативниот план за вработување, 58% од планот е наменет за нив

Јавните повици за мерката „самовработување“ од Оперативниот план за вработување за 2026 година се активни до 3 јули 2026 година, информираа од министерството за економија и труд по денешните информативен каравани во Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Преку оваа мерка невработените можат да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање сопствен бизнис.

Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, рече премиерот

Мицкоски истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија.

(Видео): Од долгогодишен застој и долгови, до позитивен раст, инвестиции и резултати, вели Трипуновски

Цветан Трипуновски се осврна на работењето во изминатите две години. Рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

НБРМ: Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра

Надворешниот долг на Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.

To top