Бизнис

(Фото): Милиони се во игра – Кои компании ги направија најголемите добивки во Македонија за 2025?!

На врвот од листата на Топ-50 добивки доминираат банките, телеком операторите, друштва од фармацијата како Алкалоид и Мега Витал (Зегин) , од електро енергетиката, трговијата со горива, но и од секторот за градежни материјали како Усје Титан, ИГМ Трејд, Кнауф Радика, Конти Хидропласт.

Како и што се очекуваше, на врвот од листата на Топ-50 добивки доминираат банките, телеком операторите, друштва од фармацијата како Алкалоид и Мега Витал (Зегин) , од електро енергетиката, трговијата со горива, но и од секторот за градежни материјали како Усје Титан, ИГМ Трејд, Кнауф Радика, Конти Хидропласт. „Фактор“ и оваа година ги обезбеди најголемите добивки остварени од страна на компаниите во Македонија за минатата година.

Тука се и компаниите кои како инвеститори работат во индустриските зони како Џонсон Мети, ВДЛ Бус (Ван Хол), Магна Мирорс, Амфенол Технолоџи и Костал.

Филип Морис и Империал Тобако се претставници од тутунската индустрија, а од рударството Кнауф Скопје, Бучим и Мермерен комбинат Прилеп. Од дејноста игри на среќа се Апекс МК и Касинос Аустриа. Од производството на пијалоци ги има Пивара Скопје и М-6 (Тиквеш). Од секторот за изградба на станови најуспешни се Еаст Гате Ливинг и Адора. Кај трговците со возила тука се Мак Аутостар и Порше Македонија. Од малопродажните синџири во Топ-50 единствено се КАМ и Кипер Маркет.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top