Колумни

Утврдувањето на македонската азбука на 3 мај 1945 – чин од немерливо значење за „бетонирањето“ на идентитетот и јазикот на македонскиот народ во светот

На денешен ден, на  3 мај 1945 година се случи еден од вајважните моменти во поновата политичко-национална и културно-јазична историја на македонскиот народ, со немерливо значење за затврдувањето на македонскиот јазик и идентитет на македонскиот народ во Балканот, во Европа и светот. Народната влада на Федеративна Македонија донесе решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Министерскиот совет на НР Македонија, по повеќемесечната работа на неколку комисии, врз основа на Резолуцијата на последната Комисија за јазик и правопис при Министерството за народна просвета, ја усвои македонската азбука, заснована врз фонетскиот принцип. Фонетскиот принцип значи дека за секој одделен глас во јазикот има буква во азбуката. На 5 мај азбуката се официјализира со Решение на Народната влада на Федерална Република Македонија. По два месеца  Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Пишува: Свето Тоевски

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

До 10-тиот век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Од 10 сè до 19 век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-македонско писмо, илинденска азбука.

Нашиот великан Блаже Конески има огромни заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик. Не случајно тој има речено во една пригода: ,Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.

Историјатот на македонската збука

Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ, Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графовите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности се според препораките на Мисирков. Истите букви присутни се и во азбуката на Крсте Петков Мисирков, но со графички симболи л’ и н’. Важно е да се напомне дека од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени само графовите за буквите, но не и гласовите кои на овие графови им соодветствуваат во истата азбука.Усовршувањето и приспособувањето на македонскиот пишан систем и постепено поедноставување на црковномакедонското писмо започнало во XIX век со појавата на поедноставната илинденска азбука, која пак довела до оформување на македонската преродбеничка азбука, за да на крај се создаде стандардната македонска азбука. Во XX век имало и обид за запишување на македонскиот јазик и со латинична азбука, т.н. македонска абецедарска азбука која не зела широки размери и останала на локално ниво во Егејска Македонија.

Најбогатиот период, во поглед на развојот на стандардната македонска азбука, е периодот на преродбата, поточно од средината на XIX век до почетокот на XX век. Во овој период голем број на македонски интелектуалци вршеле реформи за поедноставување на македонската илинденска азбука и со тоа стандардизирање на македонскиот правопис. 

Меѓу позначајните личности, кои се занимавале со задавање правила и стандардизација на македонскиот графички систем и на македонскиот правопис се: Крсте Петков Мисирков, Ѓорѓија Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Константин Петковиќ, Партенија Зографски, Димитар Македонски, Деспот С. Баџовиќ, Коста Групче, Наум Евро, Пемко Попов, Васил Карајовов и други.

Најнови вести од: Колумни

(2) Петре М.Андреевски до македонскиот народ – „пирејот што не може да се уништи“: Да изградиме програма, во која Македонија ќе ни биде заедничка определба на сите нас!

Денес  не само Бугарите, туку и „цивилизираните“ Европејци од Брисел и други политички моќници од Европа  запнале по секоја цена, со ултиматуми, закани и диктати да го менуваат Уставот на Македонија, со сесрдна помош на редица нивни домашни послушници, кои се во функција на туѓи антимакедонски агенди. Делото и сите јавни истапувања на генијалниот книжевен растајнувач на македонската национална судбина Петре М.Андреевски се моќен одговор на сите тие ултиматуми, закани и диктати во името и на македонскиот народ. Денес, на 25 јуни се навршуваат 92  години од раѓањетo на овој волшебник на македонската прозна и поетска реч, едновремено и извишен национален мислител, роден во 1934 година во демирхисарското село Слоештица. Оваа годишнина е можност за навраќање кон неговото книжевно дело, кое претставува исклучителен придонес за развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и за одбрана на македонската национална самобитност.

(1) Петре М.Андреевски: Ние, Македонците сами си ја пишуваме историјата со македонската вистина, а не други со лаги, кои нема да ни ја контролираат македонската свест!

„Браќа и сестри, бидете на штрек! Не срамете се од ништо, што е наше. Презирајте ги оние, кои ни го присвојуваат името, но и црквата, јазикот и писмото, што ги позајмиле од нас. Презирајте ги сите оние, што сакаат да ни ја предодредат нашата историска приказна, која се крепи на толку многу гробови. Знајте дека во таа приказна се заложени сите наши државотворни темели и сето свето наследство. Историјата е еден отворен процес кој постојано се допишува. Ние, Македонците, сакаме да ја пишуваме таа историја само со своето македонско писмо и само со својата македонска вистина!“ – има кажано уште во 2003 година генијалниот книжевен растајнувач на македонската национална судбина Петре М.Андреевски во својот „Македонски манифест“. Овие зборови се негово вонвременско послание, но и завештание до сите македонски поколенија да ја бранат својата автентична македонска национална историја од сите оние што ја искривуваат, што ја фалсификуваат и кои сакаат дури и да ја присвојат, како Бугарите со нивните самоизмами за наводната „заедничка историја“ на македонскиот и бугарскиот народ. Денешната 92-ра годишнина од неговото раѓањетo на Андреевски – на 25 јуни 1934 година во демирхисарското село Слоештица – е нова можност за навраќање кон неговото книжевно дело, кое претставува исклучителен придонес за развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и за одбрана на македонската национална самобитност.

„Зборникот на Миладиновци“ – „евангелие“ на македонизмот и јазичен чувар на идентитетот на македонскиот народ веќе 165 години

Еден од најзначајните чувари и своевидни пишани споменици на македонскиот национален, јазичен и културен е делото „Зборник на браќата Миладиновци“, кое е објавено на денешен ден, на 24 јуни 1861 година. Тој ден првите примероци од зборникот ја напуштиле печатницата на во Загреб и им биле испорачани на претплатниците. Во овој Зборник на 538 страници на голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај 584-те македонски песник, зборникот има и 14 детски игри, неколку народни обичаи од разни места во Македонија, 8 верувања, 16 преданија, извесен број лични имиња, 50 пословици и 104 гатанки. Македонските песни се поделени во групи: самовилски, други стари, црковни, јуначки, жаловни, смешни, љубовни, свадбени, лазарски, жетварски, песни за Водици, за Ѓурѓовден… Сите тие песни потекнуваат од разни краишта на Македонија (Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Дебар, Кукуш, Костур и др.). Овој монументален зборник со своето богатство од песни и традиции е еден од основните и најважни темели на македонското народно творештво. Тој претставува капитално и епохално дело за македонскиот народ. М. Цепенков го чувал дома и го нарекувал „второ вангелие“. Кажано со речникот на Цепенков, „Зборникот на Миладиновци“ е и своевидно „евангелие на македонизмот и на македонскиот идентитет! Оттука и браќата Миладиновци се дел од основните столбови, врз кои се потпираат културното наследство и македонскиот јазик.

Нобеловецот Анатол Франс уште во 1903 кажа дека „каузата на Македонците е кауза на европската цивилизација“, која сега Софија сака да ја претвори во бугарска кауза! (3)

„Каузата на Македонците е кауза на европската цивилизација! Оставајќи еден народ да биде колен, Европа извршува морално самоубиство!“ – кажал интелектуалниот џин на Франција и нејзината морална совест, книжевникот – нобеловец Анатол Франс на величествениот митинг среде Париз (во некои извори се споменува и Женева) на17 март 1903 година. Митингот бил одржан заради поддршка и за Македонија и за земање на македонскиот народ во заштита од страдањата во тогашната Турска империја.

To top