Поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска (28) од Крива Паланка е приведена откако, според полицијата, се обидела да ја попречи акцијата за заплена на добиток спроведена од надлежните служби.
Инцидентот се случил кај местото „Калин камен“, каде екипите на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведувале акција за заловување на крупен добиток.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 28-годишната Ѓорѓиевска пружила отпор и ги попречувала службените лица во извршувањето на постапката, по што интервенирала полицијата. Таа била приведена и спроведена во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова не е првпат нејзиното име да се поврзува со слични инциденти. Порано, таа и нејзини поблиски членови од семејството беа приведувани поради проблеми со добитокот кој слободно шета низ Крива Паланка и околината.
Поврзани вести
(ВИДЕО) Русокоса газдарица дели боксови во кал – Ескалира ,,Кравјата криза” во Крива Паланка