Бизнис

Ветерниот парк во Штип е инвестиција од 400 милиони евра, најавува премиерот

Расположливиот потенцијал на Црна Река досега е искористен само со изградбата на високата брана „Тиквеш“, а тоа е всушност долниот дел од клисурниот потег на Црна Река. Спротиводните акумулации „Галиште“ и „Чебрен“ имаат исклучиво енергетско значење, со услови за формирање на големи акумулации, (особено акумулацијата „Чебрен“ ) и за израмнување на протечните води на Црна Река, сè со цел нивно целосно искористување.

Со 1,5 милијарди евра државата самостојно ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, за кои моментално се работи на физибилити студија, откако во изминатите триесетина години пропаднаа дури 14 тендери за изградба на овие значајни енергетски капацитети. Ова на брифинг со медиумите го соопшти Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

„Чебрен“ се наоѓа во клисурниот дел на Црна Река, оддалечено 81 км спротиводно од нејзиното устие во реката Вардар, во близина на селото Манастир, а околу 7 км спротиводно од Расимбегов Мост. На овој потег веќе е изградена ХЕ „Тиквеш“ со нормална кота на акумулацијата 265,00 м.н.в., додека за останатиот клисурен дел на Црна Река анализирани се повеќе решенија и варијанти за нејзино енергетско искористување. Воедно, во претходната студиска фаза на проектирање, усвоено е да се изградат две прибрански хидроелектрани со значаен акумулационен простор, и тоа: ХЕ „Галиште“ со нормална кота на акумулацијата 392,00 м.н.в., и ХЕ „Чебрен“ со кота на акумулацијата 565,00 м.н.в.

Во февруари 2016 година, е објавен јавен повик во  Фајненшл тајмс (Financial Times) и на веб-страницата на МЖСПП за пројавување интерес за проектирање, изградба и концесионирање на ХЕ „Чебрен“ и ХЕ „Галиште“, при што се пристигнати 11 техничко-економски решенија од заинтересирани компании. Во февруари 2017 година изработена е Префизибилити Студија за испитување на оптимално енергетско искористување на потегот на Црна река узводно од ХЕ Тиквеш.

Расположливиот потенцијал на Црна Река досега е искористен само со изградбата на високата брана „Тиквеш“, а тоа е всушност долниот дел од клисурниот потег на Црна Река. Спротиводните акумулации „Галиште“ и „Чебрен“ имаат исклучиво енергетско значење, со услови за формирање на големи акумулации, (особено акумулацијата „Чебрен“ ) и за израмнување на протечните води на Црна Река, сè со цел нивно целосно искористување.

„Галиште“ е во средишниот дел на клисурниот потег на Црна Река, се наоѓа на самиот почеток на постојната акумулација „Тиквеш“, односно 54 км спротиводно од вливот на Црна Река во реката Вардар. ХЕ Галиште е проектирана со инсталирана моќност од 193,5 MW. Ќе работи како вршна електрана, при што волуменот на акумулацијата дозволува сезонско префрлање на протекувањата на вода. Во согласност со анализите што произлегуваат од  физибилити студијата ХЕ „Галиште“ годишно е предвидено да произведува 262,5 GWh. Со изградба на браната „Галиште“ ќе се формира акумулација со вкупен волумен од 344 х 106 м3. Хидроенергетската постројка „Галиште“ е предвидено како прибранска, а високата брана се предвидува да биде од типот камено-насипана со централно глинено јадро.

Премиерот додаде дека се планира и изградба на гасни когенеративни централи за производство на електрична и топлинска енергија. Мицкоски откри дека се планира овие когенеративните централи да имаат приклучоци до секој дом за снабдување со енергија, но не откри локации каде би се наоѓале првите централи.

Со 400 милиони евра веќе се гради ветерниот парк кај Штип кој е најголемиот енергетски проект од обновливи извори во Северна Македонија. Паркот ќе се протега на територијата на општините Штип, Карбинци и Радовиш, а ќе произведува електрична енергија за снабдување на околу 100.000 домаќинства.

Премиерот соопшти дека се преговара за изградба на уште еден ваков ветерен парк на североистокот од државата, кој доколку се одобри ќе биде инвестиција од околу 800 милиони евра и значаен енергетски капацитет за овој регион од државата.

Најнови вести од: Бизнис

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

To top