Македонскиот спортски аудиториум од денес и официјално добива нова телевизиска платформа. Од денеска почнува со работа новиот спортски ТВ канал „Арена Спорт Македонија“ со содржини на македонски јазик. Каналот стартува непосредно пред Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Натпреварите ќе ги пренесува македонски коментаторски тим од искусни новинари. Покрај Мундијалот, ќе емитува и фудбалски, кошаркарски и ракометни натпревари, како и автомото спортови.
</