Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен претставувач на бугарските барања и на „Бугари во Устав“!

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Единствена политика која ја води СДС и Филипче и на која жестоко инсистира е внесувањето на Бугарите во Уставот и прокламирање на уставни измени многу повеќе и од барањата на Бугарија. СДС и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доааѓат однадвор а на штета на македонските национални интереси. Филипче и раководството на СДС не ги штитат националните позиции, немаат црвени линии и не ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија.

Поданичкиот и капитулантски однос на СДС и Филипче е спротивен на расположението на граѓаните и е една од главните причини за континуираниот пад на довербата во СДС. СДС нема никаков став кога станува збор за заштита на македонските интереси единствено нешто што му е важно на Филипче и СДС е како да дојдат на власт по било која цена па макар и на штета на националните интереси.

СДС и Филипче треба конечно да сфатат дека ниту една политичка кариера и ниту една партиска агенда не смеат да бидат поважни од државните и инационални интереси. 
Се додека Филипче е најгласниот адвокат на Софија граѓаните ќе продолжат да ја испраќаат СДС во изолација, порази и на маргините на политичкиот спектар, порачува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top