Бизнис

Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, врвните вина на „Тиквеш“ освоија вкупно 18 медали, и тоа: два златни, пет сребрени и единаесет бронзени.

Највисоко оценето вино од портфолиото на „Тиквеш“ и воедно најуспешно македонско вино на годинешниот натпревар е црвеното вино „Babuna 2022“, кое освои златен медал и високи 96 поени. Вториот златен медал му припадна на виното „Found Kratosija 2024“, произведено од „Тиквеш“ за британскиот пазар, кое беше оценето со 95 поени.

Покрај двата златни медали, сребрени медали освоија црвените вина „Luda Mara 2024“, „Bela Voda 2022“, „Babuna 2023“, „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023“ и белото „Barovo Fumé Blanc 2025“, додека со бронзени медали беа наградени: „Bela Voda White 2024“, „Barovo Sauvignon Blanc 2025“,„Bela Voda Red 2021“, „Domaine Lepovo Chardonnay 2023“, „Luda Mara Vranec 2023“, „Babuna White 2025“, „Luda Mara White Cuvée 2025“, „Alexandria Premium White Cuvée 2025“, „Smederevka 2025“ и „Barovo Red“ од бербите 2021 и 2022.

„Освојувањето на вкупно 18 медали на ,Decanter World Wine Awards 2026’, меѓу кои два златни, претставува уште една потврда за квалитетот што доследно го градиме со децении. Особено нè радува фактот што нашето ,Babuna Red 2022’ е оценето со 96 поени, што го вбројува меѓу највисоко оценетите вина на годинешниот натпревар. Овие награди се надоврзуваат на низата успеси што ,Тиквеш’ ги бележи на ,Decanter’ во изминатите години, зацврстувајќи ја својата позиција меѓу најуспешните и најтрофејните винарници на натпреварот“, истакнуваат од ВВ „Тиквеш“.

„Decanter“ важи за најголемиот и еден од најрелевантните светски вински натпревари. Годинава вината беа оценувани од 245 водечки светски вински експерти, меѓу кои 63 со титула „Master of Wine“ и 24 со титула „Master Sommelier“, преку повеќестепен процес на слепо дегустирање и евалуација.

Наградите освоени на „Decanter“ имаат особено значење, бидејќи претставуваат една од најрелевантните меѓународни потврди за квалитетот на виното. За потрошувачите ширум светот, медалите од „Decanter“ се важна препорака при изборот на вино, додека за дистрибутерите, трговските синџири, рестораните и останатите професионални купувачи тие претставуваат силна и независна референца која влијае врз одлуките за набавка и позиционирање на вината на светските пазари. Истовремено, овие признанија придонесуваат за јакнење на угледот на македонското вино и за натамошна афирмација на Македонија како респектабилна винска земја на светската винска мапа.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top