Бизнис

(Видео): Од долгогодишен застој и долгови, до позитивен раст, инвестиции и резултати, вели Трипуновски

Цветан Трипуновски се осврна на работењето во изминатите две години. Рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

Разликата е очигледна, од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и резултати. Ова, меѓу другото, го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Министерот се осврна на работењето во изминатите две години. Тој рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

  • За нашата посветена работа говорат резултати и бројки. Имаме зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, суфицит од 215 милиони евра истата година. Согласно податоците на ДЗС бележиме раст и во производството. Позитивен раст од 3,3% во прв квартал 2026 година. Исплатени и зголемени субвенции, истакна министерот. 

Тој потсети дека, за Министерството да биде поблиску до земјоделците, реновирани се и отворени нови подрачни единици во повеќе места. Биле реновирани шумски полициски станици.

  • Во текот на 2024 и 2025 година доделивме финансиска поддршка во износ од 75.000.000 денари на научно – образовните институции за набавка на опрема за лабораториски анализи, нагласи Трипуновски. 

Тој даде осврт и на зголемените откупни цени, придвижување на капиталните проекти, модернизација во земјоделството.  Тој додаде дека за центарот за сортирање и складирање во Струмица се подготвува документација, со почеток на изградба во декември 2026. Реконструкција на АФПЗРР – градежните работи се веќе започнати и ќе завршат до декември 2026. Ќе се воспостави база на земјоделско земјиште и интегриран систем, следен чекор е објава на тендер по одобрување од банката.

Говореше и за мерките за подобрување на наводнувањето, споменувајќи го проектот за Страиште, завршена е предквалификацијата и изборот на фирма е при крај, за многу брзо време, вели, ќе отпочне изградбата и за системот за наводнување Пепелиште, се работи на проектот и до крајот на годината се очекува да биде избран изведувач и за овој проект.

Трипуновски зборуваше и за ИПАРД,  нови повици и завршување на стари предмети. Кога станува збор за државно земјоделско земјиште, досега, рече, биле склучени  над  2.100 договори за околу 6.000 хектари, ослободени над 2.000 хектари, а во најскоро време ќе имало објавување на нови јавни повици. Министерот се осврна и на успешноста во работата во делот на шумарството, ловството, рибарството.

  • Изминатиот период работевме и на носење на клучни законски решенија – Закон за земјоделско земјиште, Закон за земјоделство и рурален развој, Закон за уредување на пазарите, Закон за шумите. Во постапка е формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, подвлече Трипуновски. 

Тој говореше и за кампањата ,,Македонско најдобро”.

  • Ја започнавме кампањата која има за цел да  се зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на руралните средини и ја подигнеме свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки од истите. Нашата работа се препознава преку реални резултати. Разликата е очигледна, од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и резултати. Од нефункционален систем за наводнување, денес имаме систем што функционира и допринесува зголемен принос на земјоделски култури. Денес Македонија забрзува со инвестиции, проекти, реформи. Нема враќање назад, кон оние што донесоа афери, порази и криминал, нема враќање кон политики што ја уништуваа државата. Ние ќе продолжиме уште посилно затоа што Македонија забрзува и нема да застане, рече министерот Трипуновски.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top