Спорт

Вардар поразен од Купс во враќањето во Лигата на шампионите по девет години

Македонскиот првак загуби со 2:0 од финскиот пред своите навивачи во дебито на Аргентинецот Фабијани на клупата

Фудбалерите на Вардар загубија со 2:0 од фински Купс во Скопје во првиот меѓусебен дуел на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите, во која се вратија по пауза од девет години.

На Националната арена „Тодор Проески“ сè беше решено во период од четири минути на крајот од првото полувреме и во почетокот од второто, кога резултатот го отвори францускиот дефанзивец Брахима Магаса во 45. минута, а го затвори напаѓачот Боб Армах во 49. минута.

Исклучувањето на нововлезениот Немања Босанчиќ поради два жолти картона во 74. минута го заокружи неуспешното деби на клупата на Аргентинецот Кристијан Фабијани на клупата на македонскиот првак.

Возвратната средба ќе се одигра наредниот вторник од 17 часот по средноевропско време во Куопио.

Поразениот од овој двомеч се сели во второто претколо за Конференциската лига на УЕФА, кадешто оди на поразениот меѓу Арарат и Рига од квалификациите за ЛШ. Арарат го доби првиот меч во Ерменија со 2:0.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top