Македонија

Телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра

На судењето за злоупотреби со ИПАРД помошта за земјоделците се слушаа дел од телефонски разговори снимени со посебни истражни мерки, меѓу обвинетите Амет Фејзула Фејзула Фејузла , Јасмина Костадинова, вработена во министерството за земјоделство која призна вина дека земала поткуп од 2.000 евра (и доби 10 месеци затвор) но и други кои не се обвинети.

На обвинителна клупа се и поранешниот директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, како и Џевдет Насуфи, поранешен министер е обвинет како сопственик на фирма која според обвинителството не ги исполнувала условите за да ги добие финансиските средства од ИПАРД

Во еден од разговортите Костадинова раскажува на женско лице дека средила работа и дека ке земе паричка. Можеше да се слушне дека Фејзула се интересирал до каде е предметот преку Костадинова но и дека таа барала половина од договорените 30те илјади пред да биде потпише договорот како гаранција но Фејзула смета дека така не било првично договрено. Дополнително тој бара да не се кратат референтни цени од понудата . Во разговорите се споменуваат и сума од 50 илајди евра. За одбраната ова се само рекла – казала разговори.

„Нема ниеден доказ кој укажува дека Џевдет Насуфи нудел, понудувал, барал или нудел награда . Напротив, денеска гледавме како трети лица комуницираат меѓу себе за одредена награда и кои не кореспондираат со ова обвинение. Денеска од ниту еден исказ не произлезе инкриминацијата дека Џевдет Насуфи нешто направил, туку напротив. Имате разговори, меѓусебни договори , баратење со цени кои се менуваат во секој разговор и сметам дека и во другиот дел што ќе продолжи ќе го потврди она што го сметаме, а тоа е дека Џевдет Насуфи е инволовиран во овој случај можеби поради други цели“, рече Ненад Јаничевиќ, адвокат на Насуфи.

Обвинителката вели денешните докази го потврдуваат обвнението. Разговорите кои денеска беа изведени упатуваат на дејствија кои подоцна ги презеле Насифи и Илијев а најави и други докази како како потврда на разговорите како што се снимки од надзорни камери

„Се наведе дека таа сума која што се бара од ИПАРД фондовите по поднесено барање е 500 000 евра и тоа навистина е така. Се наведе дека оваа сума е без ДДВ, материјалните докази кои што ќе бидат изведени тоа ќе го докажат и најважното се докажа дека 10 проценти од оваа сума ветувал второпријавениот Џевдет Насуфи“, рече Наташа Поп Трајкова, обивнителка во ОЈО ГОКК.

Според обвинителството, Насуфи ветил 50.000 евра, 20.000 евра ги предал на дел од обвинетите за да влијаат врз Стоилев. Обвинетите негираа вина.

И на следното рочиште продолжува изведувањето на посебнеите истражни мерки но судијката одлучи да биде исклучена јавноста затоа што во дел од снимките има и приватни разговори.

Извор: Телма тв

Најнови вести од: Македонија

Студентските домови добиваат нови правила – Возрасна граница до 30 години и строги казни за прекршителите

Од една до пет години забрана за живеење во студентски дом ќе добијат студентите кои од октомври ќе бидат фатени како консумираат алкохол во соба или како го уништуваат инвентарот во собата.

Макпетрол со прирачници ќе помага во справувањето со врсничкото насилство

Прирачниците со цел да помогнат при препознавањето и справувањето со врсничкото насилство, изработени во рамки на кампањата на „Макпетрол“ – „Крени глас – Стоп за булинг“, се поставени и достапни онлајн на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, како и на платформата kreniglas.mk

To top