Македонија

Д-р Даниловски: Јавноста очекува да се открие кој е одговорен за загадувањето на водата и епидемијата во Гостивар

Епидемиологот истакнува дека не смее целиот случај да се сведе само на индивидуална вина, туку мора да се испита и функционирањето на целиот систем

Епидемиологот и поранешен министер за здравство Драган Даниловски оценува дека најновите информации од Основното јавно обвинителство значително ја зајакнуваат хипотезата дека масовното заболување е поврзано со микробиолошка контаминација на водоснабдителниот систем,

Цели три недели влегувале фекалии во гостиварскиот водовод

Тој на социјалните мрежи објави две обемни анализи:

Во првата анализа Даниловски наведува дека веќе постојат доволно епидемиолошки показатели за силна поврзаност меѓу појавата на заболувањата и загадувањето на водата, но предупредува дека сè уште не може да се донесе конечен научен заклучок за точниот причинител и механизмот на контаминацијата.

„Постои силна епидемиолошка поврзаност меѓу појавата на заболувањата и контаминацијата на водоснабдителниот систем“, пишува Даниловски, додавајќи дека водата не е причинител на болеста, туку можно средство преку кое микроорганизмите стигнале до населението.

Според него, наглото зголемување на бројот на заболени, нивната просторна концентрација, сличната клиничка слика и сомневањата за заеднички извор биле доволни за навремено преземање мерки за заштита на населението.

По објавувањето на информациите од Основното јавно обвинителство, Даниловски објави и втора анализа, во која оценува дека новите факти ја засилуваат претходната епидемиолошка проценка.

„Новите сознанија значително го зајакнуваат тој заклучок. Сега, освен што располагаме со временска и просторна поврзаност меѓу заболувањата и водоснабдувањето, го имаме и можниот санитарно-технички механизам на контаминацијата – пренесување површинска вода од отворен канал во затворениот систем за вода за пиење“, наведува Даниловски.

Тој сепак нагласува дека обвинителското соопштение претставува опис на основаното сомнение врз кое е отворена истрагата, а не правосилна судска одлука, поради што индивидуалната кривична одговорност допрва треба да се утврдува.

Во анализата Даниловски истакнува дека не смее целиот случај да се сведе само на индивидуална вина, туку мора да се испита и функционирањето на целиот систем.

„Јавноста разбирливо очекува да се утврди кој е одговорен. Но, ако целиот случај се сведе само на три лица, постои опасност да се пропушти пошироката институционална лекција“, пишува тој.

Според Даниловски, по завршувањето на истрагата е неопходна независна и сеопфатна анализа што ќе ги опфати управувањето со водоснабдителниот систем, санитарниот надзор, меѓуинституционалната координација, навременоста на реакциите, информирањето на јавноста и организациските слабости.

„Епидемиологијата треба да го утврди синџирот на настаните. Правото треба да го утврди синџирот на одговорноста. Институциите треба да обезбедат од овој случај да произлезат конкретни промени“, заклучува Даниловски.

Тој оценува дека вистинскиот тест за системот ќе биде дали по завршувањето на целиот случај ќе се подобрат безбедноста на водата за пиење, контролата на водоснабдувањето и институционалното постапување при идни кризни ситуации.

Најнови вести од: Македонија

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

Најнови вести

To top