Спорт

Вардар ги вклучи моторите за враќањето во Лигата на шампионите

Целта за новата сезона е одбрана на двојната круна во Македонија и што поуспешен настап во ЛШ и во Регионалната лига

Со првиот официјален собир и тренинг, двократниот европски ракометен шампион Вардар ги почна подготовките за новата сезона, во која по три години ќе се врати во Лигата на шампионите.
Освојувачот на двојната круна во минатата сезона си постави амбициозна цел да стигне што подалеку во ЛШ и во Регионалната лига и да ги одбрани трофеите во Суперлигата и во Купот на Македонија.
За тоа треба да помогнат засилувањата од странство – десниот бек Мохаб Абделхак, голманот Милан Бомаштар, левиот бек Леон Љевар и средниот бек Матео Фадуил, а со првиот тим тренираат и кадетските репрезентативци Бобан Поповски и Марко Ѓорчески, како и средниот бек Никола Начовски од младинскиот состав.
Првиот дел од подготовките ќе се реализира во Скопје, а планиран е и престој во Маврово, каде екипата ќе работи на физичката подготовка и на воигрување.
Увертира на стартот во Регионалната лига ќе бидат турнирите во Струга и во Охрид.
Лигата на шампионите стартува на 9 септември, а составот на Иван Чупиќ во групата Б за противници ги има Нант, Мелзунген и Висла Плоцк.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top