Македонија

(Видео): Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача дека ширењето дезинформации за ешерихија коли е терористички чин

Одговорно тврдам дека имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Водата од скопски водовод, освен јас, ја пие и моето семејство и моето дете. Ако имало било каков проблем, прв ќе бев кој ќе излезе во јавноста тоа да го каже, вели градоначалникот Ѓорѓиевски на вонредната прес-конференција и се напи вода од чешма.

Во водата во Скопје нема ешерихија коли, соопшти на вонредна прес-конференција градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и се напи вода од чешма. Пораките што се ширеа масовно на социјалните мрежи со дезинформации за наводна контаминираност на водата, се дезинформации, посочи тој, и прстот го впери кон СДСМ и „нејзина сателит-партија што ѝ помага“ без да прецизира на кого мисли.

  • Од одредени центри се шири паника. Тоа почна уште пред некој ден, со приказни на терен дека постоела опасност поради депонија на 30 километри од изворот Рашче да се загрози изворот. Денес се чисти депонијата, но никој не спомна дека таа депонија е на 30 километри од Рашче, рече градоначалникот.

Пораките се ширеле во групи со родители на деца од претшколска возраст, градинки, основни училишта со содржина дека наводно „некоја госпоѓа дознала од пријателката дека се направени анализи и водата била заразена со бактерии“.

  • Не постои ништо такво и ние имаме една од петте најдобри води и извори во Европа.  Јас не сум монструм што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Се оди на варијанта да се шират лаги и дезинформации зашто годинава за разлика од други години, немаме проблем во Скопје со притисокот, рече градоначалникот.

Ѓорѓиевски изјави дека пораките се „ширење хистерија рамно на терористички напад“.

  • Од утринава се сублимираат сите профили на опозициските партии и во текот на денот ќе бидат доставени до МВР каде барам да се постапи соодветно против истите Ова е организиран напад, ширење паника и страв. Разбирам политика и во политиката понекогаш се дозволени некои недозволиви работи, но ќе има постапување, веќе разговарав со министерот за внатрешни работи, додаде градоначалникот.

На дневна основа Водовод Скопје прави 36 анализи на примероци на вода од различни локации кои секој ден се менуваат.

  • Сакам да се напијам од водата од чешма, рече градоначалникот по што му беше донесена чаша вода која ја испи.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top