Регион

Ердоган: Членството во ЕУ веќе не е приоритет за нас!

Тој што ќе изгуби од ова е Европа, а не Турција, изјави турскиот претседател во интервју за Ал Џезира

Членството во Европската Унија повеќе не е приоритет за Анкара, бидејќи ЕУ не покажа никаква подготвеност да ја прифати земјата во своето членство, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за Ал Џезира.

Според него, Европа има повеќе да изгуби од одбивањето на Турција да стане членка на ЕУ отколку самата Турција.

„Тој што ќе изгуби од ова е Европа, а не Турција“, нагласи тој.

Турција има статус на кандидат за членство во ЕУ од 1999 година, а преговорите за пристапување започнаа во 2005 година, но во 2016 година процесот беше прекинат поради политички разлики. Европратениците постојано ги критикуваа властите во Анкара за повлекување од демократијата, за состојбата со слободата на медиумите и за кршење на човековите права.

Во јули годинава Ердоган на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на маргините на самитот на НАТО во Анкара, изјави дека Турција очекува продолжување на процесот на пристапување во ЕУ, особено активирање на релевантните механизми и почеток на преговарачките состаноци.

Најнови вести од: Регион

Шестмина повредени во пожар во хотел во Албанија, петмина од Косово

Според прелиминарните податоци, пожарот првично избувнал во барот на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на вториот кат, каде што работел хотелот. Од повредените туристи, петмина се од Косово.

Застрашувачки пожари го зафатија брегот Јадранот

Застрашувачки пожари беснеат низ Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, оставајќи пустош зад себе. Додека во Омиш пожарот стигна до самиот центар на градот, пожарникарите, војската и канадерите на Пељешац, Улцињ и Невесиње се борат со пламените јазици.

To top