Македонија

ВРЕДИ: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар или Артан од домашен притвор?

Денес во ДУИ се зборува за сè, но нема одговори за ништо

 

Во соопштение за медиумите, партијата ВРЕДИ тврди дека „во ДУИ повеќе не се знае кој ја води партијата“.
Од партијата велат дека, Али Ахмети пушта пробни балони за негово повлекување од политиката, Бујар Османи го насочил погледот кон претседателската фотелја, додека луѓето на Артан Груби испраќаат поздрави и потсетуваат на сите кој до вчера го правел законот во партијата.

„Ахмети се преправа дека ја држи ситуацијата под контрола, но неговите есапи не функционираат. Ако го застане во одбрана Артан, го оптоварува својот политички багаж. Ако му сврти грб, ризикува да ја отвори „црната кутија“ и да покаже кој што нарачал, што потпишал и кој, на крајот, го собрал кремот“.

„Што е со Бујар?“ прашуваат од ВРЕДИ и велат дека „тој зборува за сè, но ниту еден збор за Артан. Па, кој му го врза јазикот на Бујар? До вчера беа заедно на чело на ДУИ и презентираа единство пред јавноста, додека денес Бујар се однесува како Артан да не постои.
Што знае Бујар за Артан, а не сака јавно да го каже? Дали чека вистински момент да проговори или молчи за да не се вклучи во оваа приказна?“

„Денес во ДУИ се зборува за сè, но нема одговори за ништо. Од што повеќе се плаши Бујар, од тоа што Артан ќе пропее како славеј или дека Али нема да се повлече?“, прашуваат од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

За пет месеци од патарина инкасирани над 31 милион евра

Според собраните средства и цената на билетите највисоки приходи има на Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија

Мицкоски: Треба неколку пати да се размисли пред да се направи каков било чекор во врска со евроинтеграциите

Се сеќавам на таа 2018 година кога насила се туркаше промената на уставното име и многумина од европските дипломати нè убедуваа дека прозорецот е отворен, дека сега е моментот – а сега сме на истото место каде што бевме пред 2021 година, вели премиерот

Утрово активни пет пожари од 37 регистрирани за 24 часа

На барање од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово,  а против огнената стихија се ангажирани и триесетина војници

Зеколи: На 26 август камен-темелник на втората фаза од автопатот Скопјe-Блаце

Заменик-министерката за транспорт, оствари средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Република Косово, Димал Баша, на која фокусот беше ставен на стратешките инфраструктурни проекти што ги поврзуваат двете соседни земји

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top