Македонија

Незаконски копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга, кривична против две лице и фирма

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја загадиле водата во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М.(50) и Н.К.(54), двајцата од струшкото село Велешта, како и против правен субјект од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“. Пријавените, на повеќе катастарски парцели во лична и во сопственост на други лица, но и на неколку парцели во државна сопственост, вршеле незаконит ископ и експлоатација на минерални суровини без важечки договор за концесија.

Нелегалните ископи ги извршувале во непосредна близина на изворите за вода во струшкото село Шум од каде градот Струга се снабдува со вода за пиење, со што придонеле за директно загадување и заматување на водата за пиење од над 30 пати повеќе од дозволеното.

На тој начин предизвикале долготраен прекин во водоснабдувањето и забрана за користење на водата за пиење, за одржување на лична хигиена и хигиена на раце.

Поради нарушениот квалитет на водата, следел и долготраен прекин во водоснабдувањето. На граѓаните им било забрането да ја користат водата за пиење, но и за одржување на личната хигиена и хигиената на рацете.

Случајот сега е предмет на постапување на надлежните институции, а против пријавените ќе се утврдува нивната одговорност за незаконските ископи и последиците врз водоснабдувањето на Струга.

Најнови вести од: Македонија

Музички настапи ја одбележаа првата вечер од 17-то „Карпошово културно лето“

Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија […]

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола e со одлична динамика, рече министерот за транспорт

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

(Видео): За две години пензиите се зголемени за 325%, рече премиерот

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени.

На годинашниов 39-ти Охридски пливачки маратон утре ќе настапат 16 пливачи на патеката, долга 25 километри

Со почеток во 11 часот од Свети Наум утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. 16-те пливачи ќе пливаат на патеката „Климе Савин“. Патеката е долга 25 километри, со старт од Свети Наум, а целта е на Кеј Македонија.

To top