Регион

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски тврди дека Бугарија сака Преспа, Гора и Голо Брдо, области покрај Македонија населени и со Македонци, да ги претстави како бугарски области.

За албанска Стерјовски за албанската телевизија СОТ7 рече дека бугарската политика кон подрачја се засилила откако Бугарија стана членка на Европската Унија. Притисокот, според него, особено се зголеми пред Албанија да ги отвори пристапните преговори со ЕУ.

Вели дека зад политиката на Софија стојат старите „санстефански“ концепции, а како главни инструменти ги посочува бугарските пасоши, потврдите за потекло и донациите.

Тој, како клучен момент го посочи признавањето на бугарското малцинство во Албанија во 2017 година. Тврди дека Софија ја условила Тирана со нејзиниот европски пат.

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски.

Бугарското малцинство тогаш влезе во албанската законска рамка со измените на Законот за заштита на националните малцинства. За измените гласаа и власта и опозицијата.

Стерјовски тврди дека дотогаш бугарско малцинство не било регистрирано во пописите во Албанија.

Претседателот на МАЕИ тврди дека потоа почнал процес на зголемување на бројот на луѓе што се изјаснуваат како Бугари. Како еден од механизмите го посочи добивањето бугарско државјанство.

– Начинот на кој се работи е со овие методи: методот со пасошите и другите методи со овие лажни потврди што ги издаваат општините и различни донации – рече Стерјовски.

Тој нагласи дека локалните власти немаат законска надлежност да утврдуваат етничка припадност. Тврди дека ваквата документација подоцна може да послужи за прикажување поголемо бугарско малцинство.

Токму тука Стерјовски ги издвојува Преспа, Гора и Голо Брдо како главна цел на бугарската политика.

„ Нивната цел е овие области што се погранични со Македонија – Преспа, Гора, Голо Брдо – каде што живее македонската заедница, да се прогласат за бугарски области“, вели Стерјовски.

Тој ова го поврза со Санстефанскиот договор од 1878 година и со тогашниот проект за голема Бугарија. Според него, историските претензии на Бугарија се протегале до Корча, Подградец и до Дебар.

„Бугарско малцинство во Албанија го означува Санстефанскиот проект, Голема Бугарија сè до Корча, Подградец и до Дебар “ изјави тој.

Најнови вести од: Регион

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Најнови вести

To top