Колумни

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Пишува: Свето Тоевски

Современите антимакедонски и шовинистички тврдења од одредени кругови, кои се обидуваат да го прикажат македонскиот јазик во Егејскиот и другите делови на Македонија како „вештачка творба“, се целосно научно збришани од наодите на непристрасни европски лингвисти и слависти уште од 19-тиот и почетокот на 20-тиот век. Егзактната јазична наука уште пред еден век стави траен печат врз македонската јазична и етничка посебност. Постојат цела низа научни истражувања на угледни европски и светски лингвисти и македонисти, кои утврдиле несоборливи докази против какви било оспорувања на македонскиот јазик.

Македонскиот ракопис со 330 зборови, изрази и реченици од 16 век на македонски народен јазик од село Богатско, од Костурско, Егејска Македонија

Триста и триесет изворни македонски зборови во ракопис од 16 век од селото Богатско, во Костурско – триста и триесет аргументи против грчките обиди да се прикаже како „непостоен“ македонскиот јазик во Егејска Македонија!

Андре Вајан

„Словенскиот македонски јазик претставува реалност во таква мера што во XIX век суштествувал еден македонски литературен јазик, јазик на сосем мала учена литература, но на обилна народна литература. Негови центри беа Скопје, Тетово, Охрид, Битола (Манастир), Воден и  тн.“ – ќе запише францускиот лингвист и македонист Андре Вајан во 1938 година за постоењето и засебноста на македонскиот јазик во својата научна студија „Проблемот на словенскиот македонски јазик“, издадена од Лингвистичкото здружение од Париз, Франција, во 1938 година.

Еден од најжестоките аргументи на овој врвен европски лингвист против грчките, бугарски и сечии други негаторски тези е студијата „Македонскиот речник од XVI век“, која ја издал заедно со Ќиро Џ.Ѓанели, професор на Универзитетот во Рим, Италија. Тоа е научно дело со речник со 330 зборови, изрази и реченици, кои се изворни запишани со грчки букви во ракописот, но со чист македонски говор. Документот, напишан од непознат автор, е пронајден во библиотеката на Ватикан. Текстовите, презентирани за анализа, се објавени во издание на  „Институтот за словенски студии“ при Парискиот универзитет во 1958 година. Станува збор за еден од најраните ракописи напишани на чисто македонски народен јазик. Неговите содржини се собрани од селото Богатско, кое се наоѓа во Костурско, во југозападна Македонија.

Првиот непосреден допир со Македонија Андре Вајан го имал како француски војник на Македонскиот  (Солунски) фронт во времето на Првата светска војна. Тогаш како потпоручник во Главниот штаб имал задача во „околината на Лерин да ја испита јазичната ситуација, обичаите и спомениците“, при што започнал и со собирање македонски народни песни и приказни. Притоа, меѓу другото, утврдил: „Во Македонија, српска и грчка, постои само македонски јазик“. А денес, по повеќе од цел еден век леринскиот и други грчки обвинители, грчки граѓански, политички и други активисти, реагирајќи на пеењето песни на македонски јазик на годинашниов македонски фестивал  во Овчарани, во Леринско,  ја прикажуваат како како криминал употребата на „непостојниот“ македонски јазик, како „чин против интересите на грчката држава“!

Со несоборливи факти и научна објективност ги докажува и австрискиот лингвист и македонист Карл Хрон самобитноста и развојот на македонскиот народ и јазик.

Научната студија „Народноста на македонските Словени“ на Карл Хрон од 1890 година

„Врз основа на моите студии дојдов до убедување дека Македонците, како по својата историја така и по својот јазик, се посебна народност.“ – аргументира Карл Хрон во својата студија со наслов „Народноста на македонските Словени“, објавена уште во 1890 година. Исто така, и таа студија ги „пеплосува“  до темел уште од тогаш денешните бруталните јазично-идентитетски и историски фалсификати на „добрите соседи“ за македонскиот народ и јазик, за Македонија.

„Македонците се посебен народ, директни потомци на оние словенски прадоселеници, кои го населувале Балканскиот Полуостров уште долго време пред српската и бугарската инвазија и кои не се измешале со ниту еден од овие два народа.  … ќе биде потребно стручно, на самото место, да се соберат истражувачки извештаи за особеностите на јазикот, обичаите, навиките, традицијата, народните песни и др. Но, колку повеќе ја гледам целината на досегашните заклучоци, станувам сѐ поцврсто уверен дека посебната националност на Македонците ќе биде со напредувањето во испитувањата сѐ појасна и подокажлива.“ – нагласува Хрон во студијата.

Проучувајќи ги дијалектите во Егејска Македонија, полскиот лингвист Мјечислав Малецки експлицитно тврди дека македонскиот јазик претставува независна и индивидуална дијалектна целина која не може едноставно да се припои кон бугарскиот или српскиот систем. [1]

Овие научни студии од Виена, Париз и Краков, напишани од најеминентните европски лингвистички авторитети, јасно покажуваат дека постоењето на македонскиот јазик на целата негова етничка територија не е политички декрет или изум од поновата историја. Науката за јазикот уште пред повеќе од еден век го верификуваше македонскиот како посебен и автономен ентитет, со што сите современи шовинистички негирања на неговиот идентитет и корен се целосно неодржливи и научно беспредметни.
Дополнителен, круцијален и правно-историски несоборлив доказ кој целосно ги урива современите шовинистички негирања, служи самиот „Абецедар“ (Abecedar) — буквар отпечатен во Атина во 1925 година во државната печатница.Овој документ претставува директно, официјално и институционално признание на македонскиот јазик од страна на самата грчка држава пред точно еден век.

По потпишувањето на Севрскиот договор, Грција презема меѓународни обврски за заштита на малцинствата. Под директен притисок на Друштвото на народите (претходникот на ОН), грчката влада е принудена да го подготви овој буквар наменет за словенското население во Егејска Македонија.Јазична автономија: Букварот не е напишан ниту на грчки, ниту на бугарски, ниту на српски јазик. Тој е составен на леринскиот македонски говор (кој припаѓа на западномакедонското наречје, коешто подоцна станува основа на македонскиот стандарден јазик).
Книгата е отпечатена на специфична латинична азбука, со цел да се избегне употребата на кирилицата и намерно да се направи дистинкција од бугарската и српската писменост, со што самата Грција јасно потврдила дека се работи за посебен јазик на посебен народ.Изворни цитати од Абецедарот
Текстот во Абецедарот ја рефлектира живата народна македонска реч во Егејска Македонија.

Овој буквар денес е најсилниот аргумент против грчката шовинистичка политика од неколку клучни причини: Државен печат на Грција: „Абецедарот“ не е издаден во Скопје или Белград, туку во Атина, одобрен од тогашното грчко Министерство за образование. Грчката држава не може да негира документ што самата го креирала и го испратила во Женева како доказ за исполнување на малцинските права.Временски демант: Букварот излегува од печат во 1925 година, што е цели 20 години пред Коминтерната или АСНОМ да го кодифицираат современиот стандард. Ова целосно ја руши грчката лага дека македонскиот јазик е „изум на Тито“ или „вештачка творевина од 1945 година“.
Самиот факт што букварот бил наменет за децата во Лерин, Костур и Воден, сведочи за масовното присутство на македонското население во тие делови.Современите слоеви на грчкиот народ и политичкиот естаблишмент кои денес агресивно го негираат македонскиот идентитет, се соочуваат со сопствената историја. „Абецедарот“ е архивски паметник и правно признание кое докажува дека македонскиот јазик е автохтон, жив и меѓународно евидентиран во Егејска Македонија уште пред еден век.

Најнови вести од: Колумни

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Македонистичкото дело на Мјечислав Малецки – бедем пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет

Истражувањата на полскиот славист Мјечислав Малецки претставуваат непобитен научен доказ за автохтоноста и посебноста на македонскиот јазик. Наспроти повеќедецениските организирани политички напади и фалсификати, кои доаѓаат од одредени кругови, делото на овој светски признат лингвист уште во првата половина на XX век ја зацврсти позицијата на македонистиката на меѓународно ниво. Од една страна стојат произволните толкувања и веќе државна доктрина на негација и фалсификати од страна на Бугарската академија на науки и на официјална Софија во врска со „бугарските темели“ на македонскиот јазик, или за неговата „измисленост како јазик во 1944/1945 година“. Од друга страна стои научната вистина за овој најважен столб на македонскиот идентитет, која се потпира исклучиво врз лингвистички факти и домашни и меѓународни теренски истражувања, кои траат многу повеќе од еден век. Полскиот македонист Мјечислав Малецки починал на денешен ден, на 3 септември 1946 година. Ова е пригода за ново навраќање кон неговото македонистичко научно дело, кое е бедем, пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет.

Коле Неделковски: Нашата мила татковина, посрбена, побугарена и погрчена, не се даде никому и си остана со македонска боја!

„Викот на бесмртниот Македонец Крсте Мисирков се разнесува дури сега над неговата мила татковина, веќе измачена од борбите и соперништвата на неколку народи, кои не штедеа ништо, за да ја имаат посрбена од едни, побугарена од други и погрчена од трети. Но таа не се даде на никого и си остана со својата боја македонска! Сега, подигната културно и економски, го подзема најдрагиот нејзин глас, го прегрнува најсветото име и со целата своја моќ го држи и го разнесува како светилник до најкрајните катчиња на својата ширина.“ – му напишал македонскиот револуционерен поет Коле Неделковски на 18 мај 1940 година на д-р Сергеј Мисирков, синот на Крсте Мисирков, кој тогаш живее и работи во градот Елена, Бугарија. Ова писмо Неделковски му го пратил на Сергеј во името на Македонскиот литературен кружок, како негов член, откако ја открил во Народната библиотека во Софија заборавената книга на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“. Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност. Починат е на денешен ден, на 2 септември 1941 година во инцидент со бугарската полиција во околности, сѐ уште неразјаснети до крај: скокајќи сам од прозорецот на зградата каде што живеел, или можеби бил фрлен долу.

Европска комисија: Остануваат правилата за влез и излез во Шенген за превозниците од Западен Балкан

Од Европската комисија информираа дека остануваат правилата за влез и излез на транспортерите од Западан Балкан во Шенген зоната, односно тие може да престојуваат 90 дена во рок од 180 денови.

Статијата „Дали македонското прашање е навистина толку сложено?“ на Анри Барбис од 1.9.1926 – дел од неговиот француски „Манифест на македонизмот“ (1)

„Навистина овде станува збор за една нација. Нација која има свој оригинален етнички карактер, свои традиции, свои стремежи, своја единствена и специфична личност. … Оваа нација, на самата почва на која се развила и опстојувала, каде што историјата ја засадила, со која е поврзана преку своите корени и својата култура, се третира како збир на робови и злосторници.“ – напиша славниот француски писател Анри Барбис во својата прочуена статија со наслов „Дали македонското прашање е навистина толку сложено?“ („La question macédonienne est-elle si complexe que cela?“), која е објавена во списанието „Балканска федерација“ на денешен ден, на 1 септември 1926 година. Барбис, еден од најблескавите француски и европски интелектуалци  меѓу двете светски војни, уште пред 100 години во својата статија пишува експлицитно за Македонците како посебна нација, а не како дел од друга балканска нација.

Борбата на „Духовниот воин“ за Македонија Волф Ошлис против фалсификатите дека македонскиот е „вештачки јазик“, „создаден во 1944/1945“! (2)

Еден од најзначајните текстови на германскиот македонист Волф Ошлис е неговата студија „Проблемот на јазикот на Македонците во трудовите на раната германска македонистика“. Во неа тој силно аргументира дека македонскиот јазик не е некаква политичка конструкција, што започнува со некој и нечиј административен акт, туку оти македонскиот народен јазик е основата, врз која во текот на многуте векови наназад во историјата се развива современата македонска писменост.  Во оваа студија за раната германска македонистика Ошлис покажува дека постоеле германски научници, кои експлицитно ги третирале Македонците со нивниот македонски јазик  како посебен етникум и посебен јазик.

To top