Петгодишно дете го загуби животот по удар од електричен тротинет во бугарскиот град Сливен.
Според првичните извештаи, момчето се играло на улица во својата населба, кога покрај него поминало десетгодишно момче, кое случајно го удрило со тротинетот
Помалото дете добило тешки повреди при падот од ударот и починало.
На местото на инцидентот имало силно полициско присуство. Случајот го истражува полицијата, а обвинителството отвори предсудска постапка.
Инцидентите со електрични тротинети со смртни последици бележат раст во Европа – лани во Германија се регистрирани 38 случаи (11 повеќе од претходната година), во Италија 16, во Белгија 15, во Велика Британија 10 (плус четири во однос на 2024 година), во Австрија 6 итн.
Годинава и Македонија стана дел од оваа статистика со загинувањето на 13-годишно момче во кумановското село Черкезе, кое било удрено од патничко возило додека управувало електричен тротинет и подоцна подлегнало на повредите во кумановската болница.