Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата центри затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, рече денеска премиерот  Христијан Мицкоски.

  • Прашањето е дали ние како држава сакаме да останеме заглавени во 19. и 20. век со некои ретрополитички сили или сакаме да грабиме кон иднината? Оваа Влада апсолутно води сметка за интересите на државата и на граѓаните. Интересите на државата и на граѓаните никогаш нема да бидат ставени во прашање. Апсолутно се грижиме за иднината на оваа држава и за брз економски развој – рече Мицкоски на граничниот премин Табановце, каде беше промовирана новата опрема од ЕУ за Царината.

Тој одговараше на прашање дали се точни информациите дека ЕУ испратила допис до сите земји во регионот дека се откажала од финансирање и давање грант за изградба на национални дата центри и оти ова нема да биде дел од реформската агенда. Рече дека Владата не добила таков допис од ЕУ и рече „ако такво нешто пристигне, тогаш тоа ќе може да го коментираме“.

Благодарение на тие дата центри и таа вештачка интелигенција, нагласи Мицкоски, денеска видовме како функционира голем дел од опремата на ГП Табановце.

  • Впрочем, без таа вештачка интелигенција и некои дата центри јас денеска немаше со вас да комуницирам на овој начин како што комуницирам. Затоа, да ги оставиме оние политички сили да тонат во нивното политичко мочуриште од 19. и 20. век и да дозволиме да се развиваме како држава онака како што заслужуваат граѓаните – рече премиерот.

Прашањето зошто изградбата на национални дата центри во земјите од Западен Балкан веќе не е приоритет за Брисел, со оглед на тоа што ЕУ ја финансира „Везилка“ конкретно во Македонија, му беше поставено и на евроамбасадорот во Македонија Михалис Рокас, кој истакна дека нема такви информации.

  • Јас не можам да ја потврдам вашата информација. Како што веќе знаете, „Везилка“ беше пуштена во употреба, односно во функција пред два месеци. Таа треба да биде поврзана со поголемиот дата центар во Република Грција, така што навистина досега немам добиено никаква информација во врска со вашето тврдење – одговори Рокас.

Најнови вести од: Македонија

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Најнови вести

To top