Свет

Мецола: Австралија и Нов Зеланд како можни „асоцијативни членки“ во Европската Унија

Нов модел за земји со слични вредности без полноправно членство

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во новиот модел на „асоцијативно членство“ во Европската Унија. Станува збор за идеја за посилна асоцијација со земји што споделуваат слични политички и економски вредности, но без полноправно членство.

Мецола зборуваше за овој модел за Euronews непосредно пред обраќањето на канадскиот премиер Марк Карни пред Европскиот парламент.

Таа го опиша „асоцијативното членство“ како трет пат – меѓу полноправното членство во ЕУ и статусот на земја-кандидат.

– Постојат земји со кои сакаме да ги продлабочиме нашите односи – рече Мецола.

Додаде дека не се сомнева оти кругот на заинтересирани земји може да се прошири.

– Не се сомневам дека тоа ќе вклучи и други земји и дека други ќе затропаат на нашата врата. Во вакви времиња на неизвесност, важно е да имаме пријатели – рече таа.

Мецола ги посочи Австралија и Нов Зеланд како можни идни асоцијативни членки. ЕУ веќе има трговски договори со двете земји, што би можело да послужи како основа за посилни врски. Сличен модел се предлага и за Канада, која потпиша сеопфатен трговски договор со Унијата уште во 2016 година.

Како точно би изгледало „придружното членство“ сè уште не е прецизно дефинирано. Мецола признава дека разговорите се во рана фаза. Меѓу можните полиња на соработка ги наведе подлабоките трговски односи, пристапот до критични суровини, како и заеднички правила во области како социјалните мрежи и заштитата на малолетниците.

Идејата беше претставена вчера од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говорот за состојбата на Унијата, каде што предложи „придружно членство“ за Канада.

Канадскиот премиер Марк Карни бара посилни врски со ЕУ во период на влошени трговски односи со Соединетите Американски Држави, најголемиот трговски партнер на Канада. Во последните месеци тој се залага за посилна поврзаност меѓу „средните сили“.

Предлогот предизвика реакција од американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека би можел да разгледа нови царини за Европската Унија доколку канадската кандидатура за придружно членство се смета за „непријателска“ кон САД.

Мецола се обиде да ја релативизира заканата, истакнувајќи дека Брисел ги третира односите со Канада и со САД одделно. Таа нагласи дека ЕУ не дејствува против ниту една земја, туку се залага за соработка заснована на правила. Европската комисија исто така соопшти дека зајакнувањето на партнерството со Канада „не е против никого, туку за нашата заедничка сила“.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Најнови вести

To top